english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Tрибина за презентирање на сумираните резултати од анкетно истражување

Организација на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот Свети Николе – Транспарентна општина кој е поддржан од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC на 26.08.2010 година со почеток во 19 часот во салата на Советот на општина Свети Николе одржа трибина за презентирање на резултатите од анкетното истражување спроведено на 1000 жени од општина Свети Николе. На трибината присуствуваа 38 жени на возраст над осумнаесет години од градот и од селата во кои беше спроведено анкетното истражување. Потребно е да се нагласи дека поканетите претставници од Локалната самоуправа и покрај тоа што беа уредно и навремено поканети не се одзваа на поканата.

Трибината ја отвори модераторот на проектот г-ѓа Билјана Димова, која прво ја презентираше целта на проектот, проектните активности со посебен осврт на целта и резултатите на спроведеното анкетно истражување.

Анкетата беше спроведена на 1000 жени над 18 години во периодот од 7 мај до 25 јуни 2010 година.

 

Цел на истражувањето е да се:

  • Добијат информации за тоа колку жените во општина Свети Николе се запознаени со надлежностите на Локалната самоуправа со процесот на децентрализација;

  • Види колку жените се задоволни од работата на Локалната самоуправа;

  • Види колку жените се информирани за активностите кои ги спроведува Локалната самоуправа;

  • Види колку жените се задоволни со условите за живот во своето место на живеење;

  • Идентификуваат проблемите на жените со кои се соочуваат во секојдневниот живот;

  • Идентификуваат потребите на жените со цел подобрување на условите за живот во нивното место на живеење.

  • Од резултатите на анкетното истражување можат да се извлечат следните заклучоци:

  • Жените не се доволно или воопшто информирани за работата и надлежностите на Локалната власт;

  • Недоволно се информирани за активностите кои ги реализира Локалната самоуправа;

  • Жените не се доволно вклучени во органите на управување во општината, а во месните заедници воопшто не се вклучени во месните одбори;

  • Општо незадоволство од постоечките услови за живот во општината и руралните средини;

  • Жените не се вклучени при донесување на одлуки за решавање на проблемите со кои се соочуваат во своето место на живеење.

  • Според резултатите се извлечени следниве препораки:

  • Локалната самоуправа да превземе мерки и активности со цел информирање на жените за своите надлежности;

  • Поголемо информирање за активности и настани во реализација на Локалната самоуправа, особено кај жените во руралните средини;

  • Вклучување на жените во одлучувачките органи во општината и во месните заедници;

  • Подобрување на условите за живеење, согласно со сумираните истакнати проблеми и потреби во анкетното истражување;

  • Подобрување на работата и транспарентноста на институциите/организациите во надлежност на општината;

  • Анкетните прашалници се обработени со компјутерска програма и е направен извештај испечатен во 30 примероци, кои се достапни до сите заинтересирани лица. Примерок од овој извештај ќе биде доставен до Градоначалникот на општина Свети Николе.

    Организација на жените на општина Свети Николе

     
     

    прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
    © 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
    Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов