Извештај за теренско истражување во
месна заедница Ѓуѓанци
На 20/09/2010 во 10:00 часот во село Ѓуѓанци, се
одржа теренско истражување, како дел од проектот “Свети Николе –
транспарентна општина” во реализација на Организација на жените
на општина Свети Николе, поддржан од програмата CIVICA Mobilitas -
имплементирана од ЦИРА и финансиски поддржана од SDC.
На состанокот беа присутни 5 жители на месната
заедница, претседателот и 4 членови на месниот одбор. На почетокот
асистентот на проектот Анета Дачева ги запозна присутните со целите на
проектот и предвидените проектни активности. Потоа започна со
поставување на прашања до присутните, со цел да се согледаат нивните
мислења и видувања за состојбата на нивната месна заедница.
Месниот совет на оваа месна заедница го сочинуваат
преседателот и 4 члена -жители на селото. Просторија за одржување на
состаноците на месниот совет нема, порано состаноците се одржувале во
домот во селото, но сега домот е даден со концесија на користење на
приватно лице, па состаноците најчесто се одржуваат во училиштето или на
отворено.
Во оваа месна заедница живеаат 147 жители, од кои 20
се во работен однос. Повеќето од вработените се индивидуални земјоделци
со регистрирана сопствена фирма. Во село Ѓуѓанци има 1 студент и 10 деца
- ученици во основно и средно училиште. Селото секојдневно се соочува со
еднодневна миграција, се мисли на жители - иселеници од селото во градот
Свети Николе, кој најчесто се занимаваат со одгледување на земјоделски
култури во селото.
Главни дејности на жителите на месната заедница
Ѓуѓанци се одгледување на земјоделски култури и сточарство.
Најголем проблем со кој се соочуваат жителите на село
Ѓуѓанци е коритото на реката, кое се користи како депонија. Често се
случува да дојдат жители од градот и да го загадат коритото со исфрлање
на ѓубре, исто така загадување на речното корито вршат и некои жители,
поединци од селото. Заради сето ова жителите имаат потреба од чистење на
речното корито во селото. Реката селото го дели на повеќе маала, а во
зимно време кога реката е поголема нема можност да се помине преку неа
затоа што нема никаков соодветен премин на реката, па затоа селаните
имаат потреба од изградба на 2-3 премини/мостови, кој ќе им го направат
патот прооден во зимскиот период.
Други потреби на жителите од оваа месна зедница се:
-
Изградба на детско игралиште во селото, каде
најмладите ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време;
-
Улично осветлување. Иако селаните плаќаат за улично
осветлување, тие се жалат дека скоро и да нема улични светилки во
селото;
-
Проблем како и во повеќето месни зедници на Свети
Николе е и матичниот доктор на селото, кој доаѓа еднаш во неделата по
два часа. Селаните исто така имаат потреба и од медицинска сестра,
како и посета од аптекар во селото;
-
Проблем на жителите од оваа месна зедница е и
превозот до градот. Во текот на школската година се користи превозот
наменет за учениците, кои патуват во градот, но во лете тоа преставува
поголем проблем, затоа што како што велат жителите за една инјекција
мора да се оди во градот и мора да се плати такси од 400 денари.
-
Проблем исто така е и неалсвалтираните улици во
селото;
-
Во селото постои водовод, но постои и проблем со
неконтролираното трошење на водата од страна на некои жители од
селото, кое пак предизвикува проблем на другите жители.
Жителите за важни случувања и активности во селото
најчесто се информираат пред селската продавница и преку меѓусебна
комуникација.
Жените од ова село најчесто се домаќинки, кои се
занимаваат со земјоделство и сточарство. Тие не се активни и не
присуствуват кога има некои важни случувања во селото, а причина за тоа
е презафатеноста на жената со извршување на домашните работи. Досега од
женското население од село Ѓуѓанци нема покренато инијацијатива за
решавање на некој проблем во селото.
Жителите од оваа месна зедница не се запознаени со
работата на Советот на општина Свети Николе, ниту досега некој од нив
присуствувал на некоја од седниците на Советот. Во селото не се следи
локалната телевизија ниту пак локалното радио. Во село Ѓуѓанци има една
продавница која се наоѓа на десната страна од селото, па во зимскиот
период жителите од другата страна тешко се снабдуваат со основни
намирници, бидејќи нема премин на реката.
Како дополнителен коментар од страна на присутните
беше кажано тоа што, жителите на ова село, од кои поголем дел се
пензионери, немаат никаква информираност во врска со организираните
еднодневни екскурзии на пензионерите од општина
Свети Николе во кои би сакале да учествуваат и навремено да бидат
информирани. Исто така беше истакнато и дека во селото има многу ергени
односно не женети момчиња, а како една од причините за тоа беше наведено
и немањето соодветни и основни услови за живот, па никој не сака да
дојде и да живее во селото.
Организација на
жените на општина Свети Николе