Tрибина на тема:
„Децентрализација и надлежности на Локалната самоуправа
со процесот на децентрализација“
Организација на жените на општина Свети Николе во
рамките на проектот „Свети Николе – транспарентна општина“ поддржан од
програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски
поддржана од SDC, одржа трибина на тема: „Децентрализација и
надлежности на Локалната самоуправа со процесот на децентрализација“.
Тематската трибината се одржа на 29 јуни 2010 година во салата на
Советот на општина Свети Николе. Трибината беше модерирана од г-ѓа
Билјана Димова која ги презентираше целите, активностите и очекуваните
резултати од спроведувањето на проектот и ја водеше дискусијата. Поимот
децентрализација и надлежности на општина Свети Николе со секоја фаза на
децентрализација ги презентираше г-ѓа Фросина Мишева, која работи во
одделението за финансии и буџетирање во општина Свети Николе.
Организација на жените на општина Свети Николе