english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

„Реализирај ги своите соништа – изгради ја својата иднина“

Организација на жените на општина Свети Николе од 01 Август до 30 Ноември 2010 година го реализираше проектот „Реализирај ги своите соништа – изгради ја својата иднина“ финансиски подржан од Норвешка амбасада во Р.Македонија.

Општа цел на проектот: Придонес кон поттикнување и насочување на младите за отпочнување на сопствен бизнис преку обука и нивно информирање за можностите и начините за пристап до самовработување и врабоување.

Целна група опфатена со проектот беше млади невработени лица од општина Свети Николе на возраст од 18-35 години, од различен пол, социо-економски статус, верска и етничка припадност.

Младите невработени лица за проектните активности беа информирани преку локалните медиуми, радио Свети Николе и ТВ Свет, преку плакати, како и преку јавна трибина која се одржа на 15 Септември 2010 година во салата на Советот на општина Свети Николе.

На 17-18 Септември, 24-25 септември и 1-2 октомври се одржаа обуките за изработка на бизнис план. На обуките присуствуваа 21 учесник. Обуките беа водени од стручно лице (Игор Николов), кој е експерт во оваа област и работи како консултант за оценување на бизнис планови поднесени за кредити во банка. По завршувањето на обуката на учесниците им се даде временски рок од 15 дена да изработат сопствени бизнис планови и да ги аплицираат за награден фонд од 2032 евра. Од како пристигнаа бизнис плановите во Организација на жените на општина Свети Николе, се направи комисија за оценка на пристигнатите бизнис планови. Плановите се оценуваа врз основа на претходно утврдени критериуми. По процесот на оценување, два од поднесените бизнис планови беа со ист број на поени, па затоа Комисијата одлучи и двата бизнис планови да ги награди подеднакво. Наградниот фонд добитниците го искористија за регистрирање на фирма и набавка на дел од потребна опрема за започнување на реализацијата на сопствениот бизнис план.

На 29-30 Октомври и 5-6 Ноември 2010 година исто така во рамките на проектот се одржаа две дводневни обуки за стекнување на комуникациски вештини, изработка на CV и мотивационо писмо, јавен настап и интервју. На обуките присуствуваа вкупно 28 учесници, а беа водени од младински едукатори.

Со цел поголема информираност на младите невработени и заинтересирани за започнување на сопствен бизнис, изработивме брошура – водич за изработка на бизнис план.

На 30 Ноември 2010 година со цел да се доделат наградите за двата наградени бизнис планови и да се одбележи успешното реализирање на проектните активности се одржа скромна манифестација. На манифестацијата беа поканети сите учесници кои присуствуваа на обуките. Манифестацијата се одржа во ресторан Лотос, каде претседателката на Организација на жените на општина Свети Николе додели сертификати на учесниците на обуките за полесен пристап до вработување, благодарници за лицата кои имаа поднесено бизнис планови и официјално ги објави добитниците на наградите за најдобар бизнис план. Манифестацијата заврши со скромен коктел за присутните.

 
     
 
     
 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов