english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

"Креирање на услови за поправедно општество-3"

Организацијата на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот "Креирање на услови за поправедно општество 3” финансиски подржан од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA во периодот од Јануари до Јуни 2010 година ги реализираше следните проектни активности:

-Одржана средба со неформалната мрежа од 12 женски Невладини Организации од Р.Македонија.

На 20.03.2010 година во Свети Николе во просториите на Организацијата на жените се одржа средба со членките на неформалната мрежа на женски НВО вклучени во реализација на проектот "Креирање на услови за поправедно општество 3” . На средбата присуствуваа 13 членки од 10 НВО и тоа од: Женски Центар од Дебар , ОЖ ,,Китка" од Прилеп, Здружение на жени Искра - Битола, Организација на Жените од општина Пробиштип, Организација на Жените од општина Кочани, Организација на Жените од општина Гевгелија, Организација на Жените од општина Струмица, Организација на Жените од општина Крива Паланка , ОЖ Кумановка од Куманово и Организација на Жените на општина Свети Николе. Цел на средбта беше да се презентираат состојбите во врска со имплементацијата на Програмата за редовни гинеколошки прегледи за 2010 година и преземање на идни активности за доследно спроведување на истата. Програмата за 2010 година опфаќа четири пилот општини (Гостивар, Прилеп, Штип и Свети Николе) каде што жените за прегледи ќе се повикуваат со покани. До моментот на средбата имплементацијата на Програмата не беше започната.

 

-Одржани три работилници со групата за самопомош

Во периодот Јануари – Јуни 2010 година одржани се три работилници со жените лекувани од малигни заболувања од групата за самопомош. Првата работилница се одржа на 20.03.2010 година на која присуствуваа 24 жени, втората работилница се одржа на 06.04.2010 и имаше 19 жени , а на третата работилница која се одржа на 18.05.2010 година присуствуваа 17 жени. Цел на овие работилници е да се информираат жените за надминување на непријатноста на кои наидуваат , да се собере ментална енергија за да се постигне внатрешен спокој и надворешно исполнување . На работилниците преку интерактивна работа и меѓусебна размена на искуствата жените полесно ги совладуваа психолошките трауми после оперативното лекување.

–Истражување на потребите и проблемите на жените во руралните средини во Источна Македонија

Организацијата на жените на општина Свети Николе во соработка со 8 Невладини Организации од општините Лозово, Пробиштип, Струмица, Радовиш, Виница, Кочани,Куманово и Липково одржа договорна средба . Цел на оваа средба беше информирање и договарање за активноста Истражување на потребите и проблемите на жените во руралните средини и одредување на насоките , за конкретните активности како и за практичната работа на терен. Средбата се одржа на 10.04.2010 година во 11 часот во просториите на Организацијата на жените на општина Свети Николе и на неа присуствуваа 18 учесници. На средбата беше изработена драфт верзија на анкетен прашалник кој дополнително беше доработен од страна на работниот тим.. Во текот на месец Мај анкетата се спроведе во 37 села во 9 општини во Источна Македонија.Со анкетата беа опфатени 1100 жени на возраст над 18 години а ја спроведоа обучени лица – анкетари.

 

-функционирање на канцеларијата за правна и психосоцијална помош за жени жртви на семејно насилство

Во состав на Организацијата на жените на општина Свети Николе веќе 5тта година функционира канцеларија за бесплатна правна и психосоцијална помош на жени жртви на семејно насилство. Целта на канцеларијата е обезбедување на ефикасна заштита и подобар пристап кон правниот систем за женските маргинализирани групи од општина Свети Николе. Канцеларијата работи секој работен ден од 11-15 часот врз принцип на дискреција и доверливост на информации. Во канцеларијата можат да се добијат бесплатни правни и психосоцијални совети и бесплатно подготвување на правни поднесоци (тужби, жалби, молби, барања или потврди) од доменот на Семејното право. Во текот на 2010 година заклучно месец Јуни регистрирани се 17 случаи на лица кои добиле бесплтана правна помош.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов