english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

“Заедно сме посилни да го спречиме семејното насилство 2“

На 10 Мај 2010 година Организација на жените на општина Свети Николе потпиша договор со УНФПА за реализирање на проектот „Заедно сме посилни да го спречиме семејното насилство 2“.

Цел на проектот е зајакнување на веќе воспоставените модели на соработка помегу релевантните институции преку соодветно функционирање на локалните координативни тела во општините Свети Николе, Штип, Пробиштип и Кочани со цел поефикасно делување и ефективно спроведување на Законската регулатива од доменот на семејно насилство, подигање на јавната свест и сензибилизација за постоењето на овој проблем кај претставниците на верските заедници, младата популација, жените од руралните средини и пошироката јавност .

Во рамките на проектот се реализираа следниве активности:

Активност 1. Подготвителна средба на локалните координатори на општините Свети Николе, Штип, Пробиштип и Кочани. На 13 мај 2010 година во Свети Николе се одржа подготвителна средба на која присуствуваа локалните координатори од општините Свети Николе, Штип, Пробиштип и Кочани. Локалните координатори се претставници на невладините организации: “ЕХО”-Штип, “Еднакви за сите”- Кочани и “Здружение на социјални работници”- Пробиштип како партнерски организации во имплементацијата на проектот. На средбата на координаторите детално им беа презентирани предвидените активности во проектот, временската рамка за реализација на истите , како и активностите кои треба да ги организираат и реализираат во рамките на нивните општини.

Активност 2. Одржување на состаноци со членовите на локалните координативни тела во општините Свети Николе, Штип, Кочани и Пробиштип

Во период од мај – ноември 2010 година во општина Свети Николе се одржаа 4 состаноци со членовите на Локалното координативно тело, во општина Пробиштип 2 состаноци, во општина Штип 2 состанока и во општина Кочани 5 состаноци.

Партнер организациите еднаш месечно или почесто по потреба свикуваа состаноци на кои се разгледуваа информации и податоци за тековните настани заради ефективно и ефикасно разрешување на конкретни случаи како и договарање за извршување на идни активности.

Активност 3: Одржување на два дводневни семинари за подготовка на акциони планови

За претставниците од релевантните институции – Центар за социјална работа, Полиција, Здравство, Судство, Образование, Основно јавно обвинителство, НВО, Верски заедници( Македонска православна црква) од Општините Свети Николе, Штип, Пробиштип и Кочани беа одржани два дводневни семинари (02-03 .07.2010 и 27-28.09.2010 година ) за изработка на акциони планови за борба против семејното насилство.

На семинарите се изработија 4 акциони планови за општините Свети Николе, Пробиштип, Кочани и Штип со конкретни рокови за нивна имлементација во период од 6 месеци до 1 година.

Активност 4: Поднесување на Барање за формализирање на Локални координативни тела во општините Свети Николе, Штип, Пробиштип и Кочани до Советот на општината

Во периодот мај – ноември 2010 година се започна со активности за формализирање на ЛКТ преку Советите на општините во сите четири општини . Во општина Пробиштип оваа активност е веке завршена. Барањето од страна на членовите на локалното координативно тело поткрепено со Годишна програма и Акционен план беше поднесено до Советот на општината на 25.10 2010 година а Решението за официјализирање на ЛКТ е донесено на седница на Советот на општина Пробиштип одржана на 05.11.2010 година. Исто така во општина Свети Николе на 15.12.2010 е поднесено барање за формализирање на ЛКТ поткрепено со акционен план до Советот на општина Свети Николе кое ќе се разгледува на седница во јануари 2011 година.

Активност 5: Едукација на учениците во училиштата во општините Свети Николе, Штип, Пробиштип и Кочани

Од месец октомври 2010 година во четирите општини се започна со едукација на учениците во средните училишта за видовите на семејно насилство, препознавање на семејното насилство, последиците кај младите луѓе од непријавување на истото, каде можат да се обратат за помош и мерките на заштита кои им се достапни на жртвите на семејно насилство. Едукацијата ја спроведуваа членовите на локалните координативни тела.

Во рамките на реализирањето на оваа активност во период мај – ноември во општина Свети Николе беа опфатени 8 класа или вкупно 190 ученици од прва, втора и трета година од СОУ “Кочо Рацин”, во општина Пробиштип беа опфатени 3 класа или вкупно 70 ученици од прва година од средното општинско училиште “Наум Наумовски -Борче”, во општина Кочани беа опфатени 4 класа или вкупно 120 ученици од средното општинско училиште Ѓошо Виќентиев и во општина Штип беа одржани едукативни предавања во 5 класа во Гимназијата Славчо Стојменски.

Од страна на работниот тим на Организација на жените на општина Свети Николе во овој период беше извршен мониторинг на работата на членовите на Локалните координативни тела во четирите општини и на едукативните предавања на учениците од средните училишта.

 
     
 
     
 
     
 
     

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов