english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Трибина за истражување на потребите и проблемите на жените од село Мустафино

Организацијата на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот Свети Николе – Транспарентна општина кој е поддржан од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC на 20.07.2010 година со почеток во 18 часот во село Мустафино оддржа трибина наменета за жените од ова село. На трибината присуствуваа 8 жени на возраст над осумнаесет години.

Трибината ја отвори административниот асистент на проектот г-ѓа Фросина Мишева. Таа ја презентираше целта на проектот и неговото значење за жените од општина Свети Николе.

Од страна на модераторката, првенствено, присутните на трибината беа информаирани за надлежностите на Локалната самоуправа согласно постоечките Закони и акти за децентрализација, а во областа на комуналните дејности, урбанизам, рурално планирање и уредување на простор, култура и институционална и финансиска подршка на културни установи, социјална заштита и заштита на децата, остварување на права од социјална дејност, образование, здраствена заштита и друго.

Присутните на трибината се запознаа и со облиците на учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки за прашања од локално значење како што се: граѓанска иницијатива, собир на граѓани, референдум, претставки и предлози, јавни трибини, анкети и предлози.

По презентирањето на надлежностите на Локалната самоуправа и облиците на учество на граѓаните, се разви дискусија за проблемите и потребите со кои се соочуваат жените од оваа месна заедница.

 

Повеќето од жените како приоритетни проблеми кои се присутни во Мустафино ги истакнаа:

  • Водоводна мрежа – Во селото нема водоводна мрежа која функционира. Имено во 1986 година е изграден бунар за снабдување со вода и дел од водоводната мрежа на која при пуштањето во употреба на повеќе места се појавиле дефекти и од тогаш ништо не е превземено за санирање на истите. Жителите од ова село со вода се снабдуваат од сопствени или маалски бунари.

  • Канализациона мрежа – Поради не успехот на водоводната мрежа не се ни пристапило кон инсталација на канализациона мрежа. Селаните имаат сопствени полски клозети со јами кои не ретко се наоѓаат и во близина на бунарите за водоснабдување.

  • Патна инфраструктура – Во селото има само една не целосно асфалтирана улица која веќе делумно е уништена поради долгиот временски период како не е реновирана, временските непогоди, како и тешката земјоделска механизација која секојдневно се движи по истата.

  • Улично осветлување – Во селото сите жители плаќаат надомест за улично осветлување, но во одделни маала и покрај поставената инсталација нема никакво осветлување.

  • Јавен превоз – Во селото особен проблем претставува немањето на организиран јавен превоз до градот. Понекогаш селаните се служат со организираниот превоз за учениците од селото, но тоа не ги задоволува потребите на селаните. Такси превозот е достапен но не секогаш селаните се во можност да го користат поради високата цена на такси услуга.

  • Здравство – Како и во повеќето села во општина Свети Николе и овде постои проблем со давање на здравствени услуги, поради не редовната посета од страна на селскиот лекар кој доаѓа само еден ден во текот на неделата.

  • Проблеми и потреби на младите - Во селото приоритетна потреба на младите е основање на младинска организација или клуб преку кои би се застапувале интересите на младите од ова село. Приоритет исто така се дава и на отварање на бесплатен интернет клуб, изградба или адаптирање на спортска сала, воведување курсеви за компјутери и странски јазици и т.н.

  • Проблеми и потреби на жените - Жените искажаа потреба од превземање на активности за едукација и подигање на јавната свест кај луѓето особено кај жените за: вклучување на жените во месните одбори, иницирање на барања за решавање на нивни проблеми, комуникација, толеранција и договарање за потреби од јавен интерес.

  • Предлог – Од страна на присутните жени на трибината беше истакната и потребата за учество на човек од селото на седниците на Советот на општина Свети Николе. Тие сметаат дека на овој начин ќе бидат подобро информирани за случувањата во општината и ќе можат навремено да реагираат за приоритетни прашања и проблеми од нивен интерес.

  • Организација на жените на општина Свети Николе

     
     

    прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
    © 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
    Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов