Извештај за теренско истражување МЗ
Кнежје
На 28 Септември 2010 година во 18:00 часот во
семејната куќа на претседателот на месна заедница Кнежје се одржа
теренско истражување како проектна активност од проектот „Свети Николе –
транспарентна општина. Проектот е во реализација на Организација на
жените на општина Свети Николе, а е дел од програмата CIVICA Mobilitas
во реализација на ЦИРа и финансиски подржана од SDC.
Теренското истражување го реализираа: асистентката на
проектот Рахела Симеонова Манева и административниот асистент на
проектот Фросина Мишева.
Присутни на средбата беа, претседателот и двајца
членови на месниот одбор и три жени жителки на оваа месна заедница.
Текот на средбата се одвиваше врз основа на претходно
подготвени прашања за теренско истражување на кои одговараа сите
присутни.
Претседателот на Месниот одбор ги даде следниве
податоци:
Претседателството на Месниот одбор во село Кнежје во
овој состав работи од Февруари 2010 година, го сочинуваат 5 члена од кои
сите се мажи. Претседателството има за задача да ги решава проблемите во
оваа МЗ. Главен проблем со кој се соочува оваа МЗ во моментов е
изградбата на патот Кнежје – Ѓузумелци. Според нивните кажувања „еден
месец траеше работата на војската која работеше на пробивање на патот
Кнежје - Ѓузумелци по што таа си замина, а работите останаа незавршени.
Од овие причини побаравме средба со Градоначалникот на општина Свети
Николе и 17 жители од нашата МЗ остварија средба со Градоначалникот.
Покрај ова прашање беа побарани за разрешување уште неколку прашања за
кои до сега не добивме конкретни одговори“.
МЗ Кнежје брои околу 70 жители од кои повеќето се
жени. 13 жители од оваа месна заедница се во редовен работен однос од
кои 8 се жени. Сите вработени патуваат на работа во Свети Николе. МЗ
Кнежје има 5 ученика до 4 одделение, 3 до 8 одделение и средно училиште
посетува 1 ученик. Од оваа МЗ има еден студент (машко). МЗ Кнежје е
оддалечена 4 км од Свети Николе и спаѓа во развиените подрачја.
Во оваа месна заедница месното население главно се
занимава со земјоделие, односно одгледување на житарици и неколку
семејства чуваат стока.
Секогаш кога има потреба за размена на некое мислење,
искажување на проблем или потреба за нивно решавање итн. селаните се
повикуваат на состанок на сред село преку звукот на камбанаријата.
Бидејќи меснит одбор нема сопствена просторија, средбите се одржуваат на
отворено. Беше истакнато дека помеѓу жителите има добра комуникација и
секогаш е голем одзивот кога има потреба од решавање на некој проблем,
организирање на некој настан итн.
Главни проблеми со кои се соочува МЗ и нивно
решавање?
Проблеми има доста. Во моментов МЗ има неколку
приоритетни проблеми кои се во надлежност на Локалната самоуправа. Голем
проблем е водата, со копање на бунарите настана проблем во снабдување со
вода. 25 дена месното население пиеше вода од цистерна.
Со пробивање на патот Кнежје – Ѓузумелци
дојде до повлекување на земјиштето така што е неопходно изградбана
потпорни ѕидови на одредени места.
Нема улици низ селото, нема канализација,
нема улично осветлување.
И ако селото е само 4км од градот има само
една асвалтирана улица, низ останатиот дел од селото нема асвалтирани
улици.
Голем проблем за МЗ е немањето
канализација. Отпадната вода тече по уличките низ селото. Проблем
имаме со ископувањето јами поради местоположбата на селото – скалесто
село. Ископаните јами сметаат на соседите и ова е една од причините за
нарушени односи помеѓу соседите. Што се однесува до канализација уште
пред 10 години се предложи и се покрена
иницијатива за поставување на цевка која ќе се приклучи на
канализационата мрежа во градот на оддалеченост од 2 км. За
канализацијата не е потребен филтер, затоа што само со поставување на
цевка би се решил проблемот.
Што се однесува до уличното осветлување
ние со секоја белешка плаќаме улично но истото го немаме. МЗ се води
како диво приклучени корисници на струја и овој проблем е во процес на
разрешување откако ЕВН е сопственик. Еден од проблемите со кои се
соочува МЗ е и немање можност за собирање на отпадот. Иако беше
побарано од Комуналното претпријатие со надокнада да се надмине овој
проблем, сеуште немаме одговор на ова барање. Ѓубрето не се складира
на соодветно место туку единствено решение е истото да се пали. Сега
за сега ова е единствениот начич за решавање на овој проблем.
За овие проблеми поднесине се две барања до Советот
на општина но за нив сеуште немаме известување.
Колку месното население е задоволно од постоечките
услови за живот во оваа МЗ?
Претставниците на МЗ воопшто не се задоволни од
постоечките услови за живот во оваа МЗ.
Немаат редовен превоз, користат исклучиво такси
превоз што е доста скап. Немаат доктор ниту посета на медицинско лице.
Немаат продавница и сите потребни продукти ги набавуваат од градот.
Немаат културно забавен живот, освен организирање собир на Коледе. Нема
простор за работа на МЗ, средбите се одржуваат на отворено. Нема
кабловска телевизија. Сметаат дека пијат неисправна вода за пиење која е
нехлорирана. Краен заклучок е дека месното население живее и го прави
животот онака како умее. Месното население има можност да ја следат
програмата на локалната ТВ Свет и неколку национални телевизии, имаат
прием на локалните радија.
Вклученост на жената во МЗ
Во претседателството на МЗ нема член жена. Од кои
причини не дадоа одговор. Жената исклучиво се занимава со домашни работи
и земјоделие. Претежно садат тутун. Проблем со кој се соочува жената е
недостаток на вода и канализација. Секако сите споменати проблеми во МЗ
се и проблеми на секоја жена во оваа заедница. Без разлика на некои
нарушени соседски односи кога се работи за решавање на некој проблем
постои одлична комуникација. Како пример е посочено организирање на
прослава на Коледе, заедничко покривање на сите трошоци. Како добра
организација се смета и доброволниот прилог кој е собран и употребен за
реновирање на селската црква. Голема е улогата на жената во сите овие
активности. Жените веќе се имаат организирано да го посетат
Градоначалникот и да покренат иницијативи за разрешување на проблемите
во нивната МЗ.
Улогата на ЛС во работата на МЗ и како месното
население е информирано за работата на ЛС?
Што се однесува до помошта од ЛС воопшто не се
задоволни. Нивниот став е дека ЛС ниту помага ниту одмага во работата на
МЗ. Градоначалникот не не посетува, посети има од избори на избори. На
поднесените барања сеуште нема одговор. Се што се случува околу работата
информирани сме преку Локалните медиуми. Контактираме со канцеларијата
на МЗ во Локалната самоуправа и немаме некоја забелешка. Знаеме дека
прашањата и проблемите се во домен на Локалната самоуправа.
Организација на
жените на општина Свети Николе
|