english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Трибина за истражување на потребите и проблемите на жените од село Пеширово

Организацијата на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот Свети Николе – Транспарентна општина кој е поддржан од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC на 10.08.2010 година со почеток во 20 часот во село Пеширово одржа трибина наменета за жените од ова село. На трибината присуствуваа 13 жени на возраст над осумнаесет години.

Трибината ја отвори претседателката на организацијата г-ѓа Вера Златева која зборуваше за целта на проектот и неговото значење за жените од општина Свети Николе.

Од страна на модераторката присутните беа информирани за надлежностите на Локалната самоуправа согласно постоечките Закони и акти за децентрализација, а во областа на комуналните дејности, урбанизам, рурално планирање и уредување на простор, култура и институционална и финансиска подршка на културни установи, социјална заштита и заштита на децата, остварување на права од социјална дејност, образование, здраствена заштита и друго.

Присутните на трибината се запознаа и со облиците на учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки за прашања кои се од локално значење како што се: ѓраѓанска иницијатива, собир на граѓани, референдум, претставки и предлози, јавни трибини, анкети и предлози.

По презентирањето на надлежностите на Локалната самоуправа и облиците на учество на граѓаните, се разви дискусија за проблемите и потребите со кои се соочуваат жените од оваа месна заедница.

 

Повеќето од жените како приоритетни проблеми и потреби кои се присутни во Пеширово ги истакнаа:

  • Канализациона мрежа - Во селото нема канализациона мрежа, па луѓето се приморани да одат во полски клозети. Мал број семејства имаат изградено септички јами, а останатите имаат ископани дупки кои често претекуваат и ги загадуваат бунарите од кои селаните се снабдуваат со вода во случај кога пумпата од водоводот се расипува.

  • Водоводна мрежа – Во селото постои водоводна мрежа но пумпата на водоводот често се расипува па селаните остануваат без вода и со недели. Во тој случај со вода се снабдуваат од селскиот бунари и сопствени бунари кои често се покрај септичките јами, а и исправноста на водата се испитува многу ретко па инфекциите на населението овде се чести.

  • Јавен превоз - Во ова село воопшто нема автобуски линии или друг вид на јавен превоз па селаните се служат со такси превоз кој е многу скап и не секој може да си дозволи. Реално има потреба од организиран и поефтин превоз бидејќи и за основни потреби (лекар, лекови, сметки) мора да плакат големи суми за превоз

  • Здравство - Во селото нема амбуланта па и за најмала потреба се приморани жителите од оваа месна заедница со такси да одат во градот на лекар или неколку пати дневно ако треба да се прима некоја терапија (инекции и др.)

  • Проблем со отпадот – Во селото нема одредено место за депонирање на селскиот отпад, па често се соочуваат со наезда од комарци, бумбари и други инсекти кои шират заразни заболувања.

  • Патна инфраструктура – Во селото има само една асфалтирана улица која секако не ги задоволува потребите на патна инфраструктура во селото.

  • Проблеми и потреби на младите - Во селото не постои младинска организација, која би ги истакнала потребите и проблемите на младите и би покренала иницијативи и барања за нивно надминување.

  • Проблеми и потреби на жените – Покрај горенаведените проблеми, жените како потреба истакнаа дека сакаат да бидат вклучен во социјални активности, да се дружат и разговараат за актуелни теми, потреби и проблеми во селото, како и да присуствуваат на едукативни предавања особено од областа на здравството.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов