english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

„НЕДЕЛА НА ТРАДИЦИЈАТА СВ. ТРИФУН 2016“

По покана од општина Демир Капија на 7ми Февруари членки од Организација на жените на општина Свети Николе со традиционална Овчеполска трпеза учествуваа на манифестација „НЕДЕЛА НА ТРАДИЦИЈАТА Св.ТРИФУН 2016". Во пресрет на празникот Св.Трифун беше организиран 6-тиот по ред Натпревар за најдобра традиционална трпеза на која учествуваа 144 учеснички од повеќе организации од 11 општини од Македонија. Манифестацијата ја организираа општина Демир Капија и Центарот за едукација и вмрежување на туризмот „ЦЕНЕТ". Изложените трпези беа оценувани од страна на врвни Македонски и интернационални готвачи, а настанот беше снимен и прилог за истиот одеше на Алфа телевизија. За секоја учесничка организаторите обезбедија подароци и Благодарници за учество, а за најдобрите следуваа и парични награди. Трпезата „Селка Маса" од Демир Капија ја доби првата награда, втората ја доби трпезата „Дедо Кољо Добровски" од Новаци и третата, трпезата „Благовец" од Демир Капија.

 

     
 

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2016 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster