english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Повик за учесници НА ОБУКА ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА ПОЛЕСЕН ПРИСТАП ДО ВРАБОТУВАЊЕ

Организација на жените на општина Свети Николе е во фаза на реализирање на проектни активности од проектот „Зголеми ги своите вредности-едуцирај се II" финансиски поддржан од Генералниот секретаријат при Влада на Р.Македонија. Проектот има за цел да придонесе кон олеснување на пристапот до вработување на млади невработени лица од Р.Македонија односно зајакнување на капацитетите и стекнување на дополнителни вештини на младите невработени лица на возраст до 35 години од Р.Македонија заради поголема конкурентност на пазарот на трудот.

Проектните активности предвидуваат оддржување на 2 тродневни обуки од кои првата се одржа во периодот од 25 до 27 март , а втората ќе се одржи од 15 до 17 април 2016 година. Секоја од обуките ќе се состои од 8 едукативни работилници со кои ќе бидат опфатени следниве теми: Основи за изработка на бизнис план (4 работилници), Изработка на кратка биографија, Пишување на мотивационо писмо, Интервју за работа, Интернет пребарување за можности за вработување и on-line аплицирање. Обуките ќе се реализираат во Еуро Хотел Гратче во Кочани http://eurohotelgradche.com/.

Предвидено е и на двете обуки да учествуват вкупно по 20 учесници/млади невработени лица на возраст од 18-35 години од Р.Македонија.

Трошоците за транспорт од местото на живеење до местото на настанот, за сместување и храна, како и за едукативни материјали ќе бидат покриени од страна на организаторот на обуката.

За таа цел Организација на жените на општина Свети Николе објавува повик за пријавување на заинтересирани млади за учество на една од двете три-дневни обуки.

Заинтересираните лица може да се пријават за обуката со потполнување на апликацијата на следниот линк http://goo.gl/forms/rnfPvqlO7k најдоцна до 10 Април (недела) 2016 година. Селекцијата на учесници ќе се направи до 12 Април 2016 година, кога сите учесници ќе добијат логистички инструкции за учество на обуката.

За дополнителни информации можете да го контактирате лицето Дарко Јованчевски (проектен координатор) на е-маил: womsvetinikole@yahoo.com или на тел/фах: 032 444 620 секој работен ден од 10:00 до 16:00 часот.

 

    Поддржано од

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2016 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster