english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

ОЖОСВН тековно ги зајакнува капацитетите на своите членови и поддржувачи

Организација на жените на општина Свети Николе во континуитет работи на зајакнување на капацитетите на своите членови и поддржувачи вклучувајќи ги во низа настани, активности, работилници на Организацијата и во соработка со повеќе партнерски организации од Македонија и од странство.

Во соработка со Совет за превенција против малолетничка деликвенција, СППМД од Кавадарци, две волонтерки од Организацијата од 17 Април до 01 Јуни 2016 година како EVS вонтерки се вклучија во подготовка, промоција и организација на 17-сетиот Интернационален Бодрумски фестивал на танци 2016, кој се одржи од 24 до 29 Мај во Бодрум, Р.Турција. Проектот „Where Passion Ignites Inspiration“ финансиски поддржан од програмата Еразмус+ се реализира од страна на Турската организација „Bodrum Dance Club Association“.

 
     
 

Во соработка со Совет за превенција против малолетничка деликвенција, СППМД од Кавадарци, волонтерка и волонтер од Организација на жените на општина Свети Николе од Јуни 2016 година до Февруари 2017 година се вклучени во реализација на EVS проектот Be the part of BITкој исто е дел од Ерасмус+ програмата, а се реализира во Ч’рномељ, Р.Словенија.

Во соработка со Волонтерски Центар Скопје (ВЦС) од Скопје, волонтер и волонтерка од ОЖОСВН во Мај зедоа учество на Тренинг курс Seeds for sustainable development дел од програмата Еразмус +, а во реализација на Environment engineering group, Нови Сад-Србија. Тренинг курсот се одржа во Рудник, Србија.

Волонтери и волонтерки од Организацијата во периодот Април-Јуни посетија обуки во организација на ХЕРА, ЦИД Куманово, ЦИВИКА МОБИЛИТАС, Институт за демократија, Фондацијата ФОКУС од Велес и др.

 

Две членки од Организација присуствуваа на меѓуродна Мировна конференција во Париз од 10-12 Јуни во Организација на Европската Екуменска мрежа. Конференцијата се одржа во Центарот Loisy во близина на Париз и на неа зедоа учество 80 учесници од 14 Европски земји. Конференцијата се одржа напоредно со најголемиот саем на воена опрема EUROSATORY и имаше за цел да даде свој придонес за разрешување на конфликтите со заложба за градење на сигурнос преку ненасилство, а не преку примена на сила. Учесниците на конференцијата покренаа екуменска иницијатива која има за цел да ја повикаат меѓународната заедница да превземат конкретени чекори за воспоставување на праведен мир, односно прогласување на нелегални воени и вооружени конфликти и развој на граѓанските мировни сервиси наместо воени интервенции.

Членка од Организација присуствуваше на конференција на тема „Младите и миграциите“ која се одржа во склоп на Неделата на културата на 17 Јуни во организација на Друштвото за развој на доброволна работа од Ново Место од Словенија.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2016 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster