english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ КАКО АЛКА ПОМЕЃУ МЛАДИНСКИТЕ НВО ОД СВЕТИ НИКОЛЕ И НИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ ВО НАЦИОНАЛНАТА КАМПАЊА „ПРАВО НА МЛАДИНСКО ИНФОРМИРАЊЕ – ИНФОРМИРАЈ СЕ СЕГА!“

Како дел од активности во склоп на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ на 4ти март во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе се одржа средба со активни младински организации и организации кои работат со млади од општина Свети Николе заедно со преставници од Локалната самоуправа. На средбара се споделија информации од работилнцата со младите од СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе и се разговараше за поврзување на организациите и Локалната самоуправа од Свети Николе со цел подобрување на работата во полето на младинското информирање. Од страна на учесниците на средбата беше забележано дека после долг периот за прв пат Организација на жените на општина Свети Николе ја презеде улогата да ги собере НВО од општина Свети Николе и дека оваа средба е од големо значење за сите. Сите заедно заклучија дека е неопходно да има почести средби на НВО секторот во Свети Николе, како и подобра комуникација, координација и споделување на информации помеѓу граѓанскиот сектор, но и локалната самоуправа. На средбата учествуваа преставници од: Организација на жените на општина Свети Николе, волонтерка на Мировниот корпус, Црвен крст Свети Николе, Извиднички одред „Гоце Делчев“ Свети Николе, „Младински совет“ Свети Николе, Доброволното противпожарно друштво и Локална самоуправа-Одделение за ЛЕР-Свети Николе.

 

     
 

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2016 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster