Организација
на жените на општина Свети Николе во рамки на реализација на проектот „Зголеми ги своите вредности-едуцирај се
II“финансиски поддржан од Генералниот секретаријат при Влада на
Р.Македонија има потреба од ангажирање на тројца едукатори за
одржување на серија едукативни работилници.
Целна група на обуките се вкупно по 20 учесници/млади
невработени лица на возраст од 18-35 години. Предвидени се две(2)
тродневни обуки во период од 25 до 27 Март и од 15 до 17 Април 2016
година. Секоја од обуките ќе се состои од 8 едукативни работилници
на следниве теми:
Изработка на кратка биографија
Пишување на мотивационо писмо
Интервју за работа
Ком
пјутерска обука за интернет пребарување за
можности за вработување и аплицирање
Основи за изработка на бизнис план
Заинтересираните лица за едукатори треба да достават
професионална биографија со листа на одржани обуки и методологија за
работа .
Доставената документација треба да се достави
најдоцна до 02 Март 2016 година до Организација на жените на
општина Свети Николе , на е-маил:
womsvetinikole@yahoo.com
За дополнителни информации можете да го контактирате
лицето Дарко Јованчевски
на тел/фах: 032 444 620 или мобилен: 078 633 025
секој работен ден од 10:00 до 16:00 часот.