english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

30 ДЕНА – 30 ЖЕНИ

 

Март е месец во знакот на жената и борбата за еднаквост во општеството. Да се биде жена е одговорност исполнета со многу предизвици и искушенија во семејството, работата и воопшто во општеството. Секојдневно сме опкружени со жени-лидерки, жени-херои и наши водилки во животот, пример за сите нас. Организација на жените на општина Свети Николе им оддава признание на сите жени и сака да ги промовира нивните вредности затоа што едноставно тие тоа и го заслужуваат. За таа цел во текот на март месец, Организацијата отвори повик за номинирање на жени кои се пример за инспирација, креативост, добрина, доблест, пожртвуваност, упорност, истрајност... и за кои треба да слушне пошироката јавност. Од 30 номинирани жени во текот на месец април 30 дена, секојдневно ќе биде јавно објавена по една жена на Facebook страната на Организација на жените на општина Свети Николе https://www.facebook.com/womsvetinikole/, а на крајот сите приказни заедно ќе бидат објавени на веб страната на организацијата. Со тоа Организацијата, на жените од општина Свети Николе и воопшто на сите жени кои се мајки, свекрви, ќерки, сестри, продавачки, политичарки, директорки, чистачки... јавно ќе им се заблагодари за нивниот ангажман и придонес за развој на заедницата.

 

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2016 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster