|
Интернационална Конференција
„Улогата на верата во
надминување на сиромаштијата кај децата"
Рахела Симеонова Манева ,
членка на Организација на жените на општина
Свети Николе,
по покана на Здружението на жени за меѓурелигиски дијалог,
семејството и општеството „Мозаик"
од Високо,
Босна и Херцеговина
зеде учество на Интернационална
Конференција „Улогата на верата во надминување на
сиромаштијата кај децата". Конференцијата
се одржа од 2 до 5
Јуни 2015 година
во Сараево,
Босна и Херцеговина
во организација на Action for
Children – Arigatou International
со учество на 100-тина
учесници од Босна и Херцеговина, Хрватска, Молдавија, Србија,
Македонија, Црна Гора, Индија, Шри Ланка, Непал, САД, Франција и Кенија.
Целта на конференцијата е да се даде придонес во
надминување на сиромаштијата кај децата во светот.
На конференцијата беа истакнати повеќе прашања кои се
важни и влијаат во надминување на сиромаштијата кај децата,
како што се:
1. Решавање на конфликтите и градење
на мирот, обезбедување на безгрижно детство на секое дете и посветување
на целосно внимание на децата. Растот и развојот кај едно дете е
невозможен без мир.
2. Земање во превид
правото на глас и увид кај децата кои не треба да се гледаат како
беспомошни жртви.
3. Грижа за семејството кои се важен сегмент и
надминување на родовата нееднаквост која е поврзана со клучните прашања
на детската сиромаштија
4. Третирање на ранливите категории во заедницата
како што се децата без родители, децата
невести како и жртвите на семејното насилство.
5. Улогата на верските
заеници во одбележување на позитивните
аспекти и нивно вклучување во надминување на сиромаштијата кај децата
6. Надминување на нееднаквоста помеѓу богатите и
сиромашните во заедницата, справување со прашањето на нееднаквост и
повик за поединечни и заеднички акции за надминување на сиромаштијата
кај децата.
На крајот на конференцијата Rev. Fred
Nyabera, директор на Action
for Children – Arigatou International повика за
спроведување на акции за надминување на
детската сиромаштија со порака до сите учесници:
„Вие не може да го
промените целиот свет, но можете да
го промените целиот свет за едно
дете".
Учесниците на конференцијата донесоа заклучок дека е
неопходно ангажирање на сите засегнати страни во
борбата за надминување на сиромаштијата
и дека голема улога ќе треба да
одиграат владите и владините институции, верските
заедници, социјалните
работници, наставниците,
волонтерите, граѓанските здруженија.
Јавниот настан беше проследен со посети на значајни
историски и верски институции и домот за деца без родители во Сараево.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|