english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ ДОМАЌИН НА ВОЛОНТЕРИТЕ ОД МИРОВНИОТ КОРПУС МАКЕДОНИЈА

Мировниот корпус е американска организација која е посветена на светскиот мир и пријателството која обезбедува волонтери кои даваат придонес во развојот на заедниците ширум светот. Како долгогодишен соработник на Мировниот корпус Македонија, Организацијата и оваа година им посака добредојде на новата 20та генерација на волонтери на Мировниот корпус кои беа дел од учесниците во тримесечната тренинг програма во Свети Николе, за нивна подготовка за вклучување во заедницата. Тројца од овие волонтери во периодот Октомври-Ноември 2015 година имаа чести средби со работниот тим на Организацијата како дел од нивниот практикум, а со кој имаа за задача заеднички да подготват и да реализираат завршна активност по завршувањето на тримесечната тренинг програма. Како завршна активност од практикумот на 3ти Ноември 2015 година во канцеларијата на организацијата се реализираше работилница за 15 нејзини активни волонтери и волонтерки на тема „Проектен менаџмент“.

 
     
 

На 26 Ноември Организацијата ја посети Г-ѓа Елизабета Зиљстра Јовановска која се заблагодари за подршката и придонесот, за одвоеното време и енергијата од страна на членовите/ките на Организација на жените на општина Свети Николе на идните волонтери на Мировниот корпус. Организацијата доби Признание за отвореност, соработка и подршка на тренинг програмата на 20тата група на волонтери од Мировниот корпус во Македонија.

Организација на жените на општина Свети Николе во април годинава аплицираше за волонтер од Мировниот Корпус и по завршувањето на тримесечната тренинг програма Организацијата беше известена дека токму таа е една од организациите во Македонија која во наредниот двегодишен период ќе добие волонтерка од Мировниот Корпус.

Волонтерката Laura Descher Morford во текот на ноември ја посети Организацијата со цел да се запознае со тимот и средината во која ќе работи во наредниот двегодишен период, а официјално на 7 Декември 2015 година добродојде и посакаа членките и членовите на Организацијата.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2015 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster