македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

ВЕСТИ ОД 2009 ГОДИНА    

 

Извештај од средбата со Комисијата за родова еднаквост

Како дел од проектните активност на Организацијата на жените на општина Свети Николе по проектот “Креирање на услови за поправедно општество-2” кој финансиски е подржан од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA , на 28.12.2009 година се одржа последната средба за оваа година со членовите на Комисијата за родова рамноправност на општина Свети Николе. На средбата се зборуваше за досегашните реализирани активности на Комисијата, за поминатите обуки и едукативни предавања за членовите на Комисијата и преземените активности од страна на Советот на општина Свети Николе.  Донесена е Програма за работа за 2010 година на Комисијата.

Повеќе за овој напис

Одржани работилници со групата за самопомош

Организацијата на жените на општина Свети Николе во рамки на проектот “Креирање на услови за поправедно општество-2” финансиски е подржан од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA , на 24.12.2009 година одржа две едукативни работилници за жените заболени и лекувани од малигни заболувања. На работилниците присуствуваа 22 жени а тема за работа беа : Причини за ракот и современи начини на лекување и воспоставување на чекори за природно здравје. Целта на овие работилници беше да се информираат жените за влијанието на правилната исхрана , вежбите и физичката активностослободување на стресот и пружање на соодветен одмор . Во текот на 2009 година се реализираа вкупно 6 работилници за жените заболени и лекувани од малигни заболувања со цел надминување на проблемите и тешкотиите после оперативното лекување на заболените жени и зајакнување на нивната самодоверба.

Повеќе за овој напис

Работилница во Струмица на тема Превенција од Трговија со луѓе

Во рамките на проектот “Креирање на услови за поправедно општество 2” на 12.12.2009 година во Струмица беше одржана тематска работилница на тема Превенција од Трговија со луѓе. На работилницата присуствуваа 13 учеснички од различен социо-економски статус и националност и верска определба. Учесниците беа поделени во три групи. На учесниците им беше поделен пропаганден материјал, тефтерчиња, пенкала и папки.

Повеќе за овој напис

Трибина по повод кампањата“НАДМУДРИ ГО РАКОТ БИДИ ЗДРАВА ЖЕНА”

На ден 10 декември 2009 година со почеток во 17.30 часот во големата сала на општина Свети Николе во рамките на кампањата “НАДМУДРИ ГО РАКОТ БИДИ ЗДРАВА ЖЕНА” подржана од Министерството за здравство на РМ и Македонското женско лоби од Скопје во соработка со Организацијата на жените на општина Свети Николе се одржа трибина. На трибината присуствуваа 87 жени од општина Свети Николе а истата беше водена одстрана на Примариус доктор Митко Ристов хирург од Штип .

Повеќе за овој напис

Меѓнароден ден за борба против корупцијата - 9 Декември

По повод 9 Декември - меѓународниот ден за борба против корупцијата.
Организација на жените на општина Свети Николе како член на коалицијата Нулта Корупција , во Свети Николе дистрибуираше црвени картони - пропаганден материјал на Коалицијата. Црвените картони беа дистрибуирани во Локалната Самоуправа на општина Свети Николе, основното Училиште Гоце Делчев, во центарот на градот и плоштадот...

Повеќе за овој напис

на почеток=

Работилница во Дебар на тема “Превенција од Трговија со луѓе”

Во рамките на проектот “Креирање на услови за поправедно општество 2” беше одржана работилница на 07.12.2009 година во Дебар на тема Превенција од Трговија со луѓе. На неа беа присутни 19 млади на возраст од 15 до 18 години од различен социо-економски статус и национално потекло. Работата беше интерактивна а се работеше и во мали групи. Во текот на работилницата активно учествуваа сите присутни.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Работилници на тема Семејно насилство

Во рамките на проектот “Креирање на услови за поправедно општество 2” на 08.12.2009 година во Свети Николе беa одржани две работилници на тема Семејно насилство.
На 08.12.2009 година во рамки на 16 меѓународни дена борба против семејно насилство во локалното радио Свети Николе беше одржана и една едночасовна радио емисија на тема препознавање на семејното насилство и информирање за работата на канцеларијата за бесплатна правна и психосоцијална помош за жени жртви на семејно насилство која веќе трета година ефективно работи во состав на Организацијата на жените на општина Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

“Јакнење на доброволната работа помегу децата и младите од општина Свети Николе”

Организација на жените на општина Свети Николе од 4 август 2009 година започна да реализира активности од проектот “Јакнење на доброволната работа помегу децата и младите од општина Свети Николе” финансиски подржан од Американската амбасада во Р.Македонија. Целта на проектот е јакнење на волонтерската работа помеѓу учениците од трите основни и средните училишта во општина Свети Николе .

Повеќе за овој напис

на почеток=

Заедно сме посилни да го спречиме семејното насилство

Организација на жените на општина Свети Николе во рамки на програмата “Зајакнување на националните капацитети во превенција против семејното насилство” реализираше проектни активности од проектот подржан од агенциите на ООН: УНФПА , УНДП , УНИЦЕФ, УНИФЕМ и Светска здравствена Организација. Проектот носи наслов ”Заедно сме посилни да го спречиме семејното насилство” а целта на проектот е формирање на локални кординативни тела за заштита од семејното насилство во 5 општини : Свети Николе, Штип, Пробиштип, Кочани и Струмица. Проектните активности започнаа од месец Октомври 2009 година и ќе траат до 31 Декември 2009 година. Проектни активности кои беа реализирани во овој период се:

  • еднодневна средба со локалните кординатори

  • пет тркалезни маси во пет општини:

  • формирани локални кординативни тела во пет општини

  • изработен спот за промоција на кординативните тела

  • пет ТВ емисии на локалните телевизии во петте општини и

  • три дводневни семинари

Повеќе за овој напис

на почеток=

“Зајакнување на националните капацитети во превенција против семејното насилство”

Организација на жените на општина Свети Николе е носител на проектните активности од програма “Зајакнување на националните капацитети во превенција против семејното насилство”. Проектот финансиски е поддржан од УНДП, Холандска Амбасада и Министерставо за Труд и Социјална Политика. Целта на проектот е промена на законската регулатива која го третира проблемот семејно насилство и заштитата на жртвите од семејно насилство.  Проектните активности започнаа од Септември 2009 година и ќе траат до 31 Декември 2009 година. Како проектни активности беа реализирани:

  • Јавни Форуми

  • Тродневни Семинари

  • Тркалезни маси

  • Работилници со жени и жени жртви на семејно насилство

  • Работни и технички состаноци

  • Подготовка и спроведување на анкетни прашалници

Повеќе за овој напис

на почеток=

„Meet Macedonia“ (Запознај ја Македонија)

Организација на жените на општина Свети Николе од 15 Август до 15 Декември 2009 година го реализираше проектот „Meet Macedonia“ (Запознај ја Македонија). Проектот се реализираше во партнерство со Друштво за развој на доброволна работа (ДРПД)–Ново Место, Р.Словенија, а финансиски беше поддржан од Deutsche Gesellschaft fьr Technische Zusammenarbeit (GTZ). Општа цел на проектот е придонес кон градење на можности за промоција на македонското културно наследство во државите членки на Европска Унија. Главни проектни активности кои се реализираа во рамките на овој проект се:

  • Културно запознавање на Р.Македонија;

  • Изработка и печатење на промотивен и информативен материјал. Беше изработена и испечатена брошура „Meet Macedonia“ (2,76 MB) (за превземање на брошурата кликнете на името на брошурата);

  • Културен настан “Ден на македонското културно наследство” во Р.Словенија;

Повеќе за овој напис

на почеток=

Средба со мрежата во рамки на проектот “Креирање на услови за поправедно општество 2”

Организацијата на жените на општина Свети Николе во рамките на реализацијата на проектот “Креирање на услови за поправедно општество 2” финансиран од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA во соработка со 16 женски Невладини Организации од Р.Македонија одржа заедничка средба на тема: сумирање на резултатите од мониторингот на имплементацијата на програмата за рано откривање на болестите на репродуктивните органи кај жената во РМ во 2009 година и превземање на идни активности за доследно спроведување на истата.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Различни бои една игра - со спорт против расизам и дискриминација

Организација на жените на општина Свети Николе во партнерство со Друштво за развој на доброволна работа Јагодина-Србијa, Плави телефон Загреб-Хрватска, Друштво за развој на доброволна работа Ново Место-Словенија, Младински центар Херцег Нови-Црна Гора и Лотос Зеница-Босна и Херцеговина го реализираа проектот “Различни бои една игра - со спорт против расизам и дискриминација“, финансиски подржан од Европска Младинска Фондација при Советот на Европа. Цел на проектот е придонес во надминување на предрасудите и стереотипите на спортските терени.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Обука на млади лидерки

Организацијата на жените на општина Свети Николе ја реализираше обуката на млади лидерки од младински организации и организации кои работат со млади од Република Македонија. Целта на оваа обука беше зајакнување на капацитетите на младите учеснички и капацитетите на нивните матични НВО за подобрување на положбата на младите и активно вклучување на млада женска популација во општествените текови на живеење преку промовирање на родова еднаквост. Обуката се одржа од 11 до 13 Септември 2009 година во хотел “Овче Поле” во Свети Николе, а финансиски беше подржана од Агенција за млади и спорт на Република Македонија. Едукатори на обуката беа Александар Богатинов и Слаѓана Димова.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Семинар за оценување "Let’s EVALUATE with our Neighbours"

Од 06 до 10 Октомври 2009 година во Констанцин Језиорна, Полска се одржа семинарот за оценување "Let’s EVALUATE with our Neighbours" на кој учествуваше и нашиот претставник Александар Богатинов. Семинарот како единствен настан од таков вид во последните три години во Европа беше во организација на:

-SALTO за Источна Европа и Кавказ;

-SALTO за ЕуроМед земјите;

-SALTO за Југоисточна Европа ;

-Полската, Француската и Словенечката национална агенција за Програмата “Млади во акција”

Повеќе за овој напис

на почеток=

"Младинска иницијатива за еднаквост на жените"

Од 1 до 10 Август во одморалиштето "Папаз Чаир" близу градот Гоце Делчев во Република Бугарија се одржа 10-дневна младинска размена насловена како "Младинска иницијатива за еднаквост на жените". Целта на оваа 10-дневна размена беше младите да го зголемат знаењето за меѓуполовата еднаквост и поефикасно да работат за надминување на предрасудите и стереотипите претсавени во улога на жените меѓу локалните заедници. Во младинската размена учествуваа 28 малдинци од четири земји: Бугарија, Македонија, Турција и Босна и Херцеговина. Претставници од Македонија беа: Тодор Димов, Анета Дачева, Марјан Наумов, Дарко Јованчевски, Душица Горгиева, Љупка Антова и Моника Додева.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ПОВИК за учество на обуката за младински лидерки

Имајки ја во предвид општата состојба со младата популација особено местото и улогата на младата женска популација во општеството, Организацијата на жените на општина Свети Николе ќе реализира обука на млади лидерки од младински организации и организации кои работат со млади од Република Македонија. Целта на оваа обука ќе биде да се зајакнат капацитетите на младите учеснички и капацитетите на нивните матични НВО за подобрување на положбата на младите и активно вклучување на млада женска популација во општествените текови на живеење преку промовирање на родова еднаквост.
Обуката е финансиски подржана од Агенција за млади и спорт на Република Македонија. Пријавувањето е до 4 Септември 2009 година на емаил: wom_org@yahoo.com
Овде може да ги превземете:

 - Повикот за учество на обуката;

 - Пријавата за учество на обуката;

на почеток=

ПОВИК за учество во проектни активности

Повик за учество во проектни активности

во рамките на проектот

Запознај ја Македонија”

Потребни се 6 млади од Р.Македонија (до 35 години) кои се заинтересирани за учество во проектни активности кои се состојат од едукативни работилници и патувања за запознавање и презентирање на македонското културно наследство и традиција. Избраните учесници од Р.Македонија претходно ќе бидат подготвени од страна на едукатор/етнолог за презентирање на локалитетите кои ќе бидат посетени, а потоа стекнатите знаења ќе ги презентираат на учесниците од Р.Словенија.
Потполнетата апликација испратете ја најдоцна до 03ти Септември на емаил: wom_org@yahoo.com

Повикот и пријавата може да ги превземете на следните линкови:

 - Повик за учество во проектните активности;

 - Пријава за учество во проектните активности;

на почеток=

Меѓународна младинска размена “LET’S BE ACTIVE IN EUROPE”

Од 13 до 21 Јули 2009 година како претставници на Организација на жените на Општина Свети Николе група од 7 млади учествуваа на меѓународната младинската размена LET’S BE ACTIVE IN EUROPE која се одржа во близина на Кладово, Србија во организација на Центарот за ненасилен отпор од Белград, Србија и со финансиска подршка од Европската Комисија-Генерален Директоријат за Едукација и Култура Програма “Млади”. Групата млади кои ја претставуваа Организацијата на жените на општина Свети Николе и Република Македонија ја сочинуваа: Ивица Наумов, Душица Горгиева, Благој Митевски, Мерсиха Дурмишева, Ангелче Мишев, Гордана Горгиева , а водач на групата беше Александар Богатинов. На оваа младинска размена учествуваа млади од Македонија, Италија, Србија, Франција и Полска.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Едукативен камп

По завршување на меѓународната конференција во Струга во месец мај работниот тим започна со подготовките околу одржувањето на едукативен камп за 150-те волонтери во Дојран. Во период од 12 до 14 јуни 2009 година се реализира едукативен камп во Дојран.На кампот учествуваа 150 волонтери и 8 ментори. Во рамките на едукативниот камп во Дојран се организираа едукативни работилници. На работилниците беа разработени теми за: тимска работа, очекувања, искуства, проблеми , придобивки од волонтерската работа.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Работилница за родови односи за комисијата за еднакви можности

Во рамките на проектот “Креирање на услови за поправедно општество” финансиран од Шведската фондација Kvinna till Kvinna , на 30.06.2009 година се одржа еднодневна работилница за родови односи за членовите од Комисијата за еднакви можности при Советот на општина Свети Николе. На работилницата присуствуваа : Даниела Арсенова претседателка на Комисијата, Валерија Ивановска, Славица Панева, Стојче Анастасов членови на Комисијата и Маја Серафимова советничка во Советот на општина Свети Николе. Целта на работилницата беше зајакнување на капацитетите на членовите на комисијата, со цел поуспешно планирање и спроведување на планираните активности на Комисијата во наредниот период.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Семинар за управување со проекти

Во рамките на проектот “Креирање на услови за поправедно општество 2” финансиран од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA на 23-24.05.2009 година Организацијата на жените на општина Свети Николе го реализираше дводневниот семинар на тема “Управување со проекти”. На семинарот учествуваа 26 учеснички од 11 женски НВО-и: ОЖО Свети Николе, ОЖ Пробиштип, ОЖ Крива Паланка, ОЖ Гевгелија, ОЖ Струмица, ОЖ Кумановка, ЗЖ Искра - Битола, ОЖ Китка - Прилеп, Нов живот- Штип, ОЖ Кочани, Ауреола- Струга.
Целта на семинарот беше обука на членките на мрежата со цел зајакнување на нивните капацитети за изработка и реализирање на проекти.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Зајакнати капацитети - подобро општество

Организација на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот “Зајакнати капацитети - подобро општество” финансиски поддржан од Регионалниот центар за здрава животна средина за Централна и Југоисточна Европа во период од Мај - Јули 2009 година реализираше 3 обуки.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Тематски работилници за зајакнување на капацитетите на женските НВО

Во рамките на проектот “Креирање на услови за поправедно општество 2” финансиран од Шведската фондација Kvinna till Kvinna, а со цел зајакнување на капацитетите на женските НВО - членки на неформалната мрежа во текот на 2009 година се планирани да се реализираат 10 тематски работилници во 10 градови во Македонија. Во периодот април - јули 2009 година се реализираа 4 тематски работилници во Штип, Пробиштип, Кочани и Македонска Каменица.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Внимавај на твоите дела, тие стануваат навика

Организација на жените на општина Свети Николе од 15 Март до 15 Јули 2009 година го реализираше проектот “Внимавај на твоите дела, тие стануваат навика” финансиски поддржан од Коалиција СЕГА и Локалната Самоуправа Свети Николе. Целта на проектот е придонес кон зголемување на свеста кај младите за последиците од дрога, алкохол и цигари.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Работилници за млади девојки лидерки

Во периодот Февруари - Јуни 2009 година во рамкита на проектот “Креирање на услови за поправедно општество 2” финансисран од Шведската фондација Kvinna till Kvinna се реализаираа 10 работилници. Целта на работилниците беше зајакнување на капацитетите на младите девојки и жени со цел поуспешно вклучување во општествениот и јавниот живот во заедницата. Целна група беа млади девојки и жени на возраст од 18 - 30 години.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Заврши реализацијата на проектот ЗАЕДНО за почиста општина

Во периодот од 09 Јуни 2008 година до 31 Мај 2009 година Организација на жените на Општина Свети Николе  во партнерство со И.О. “Гоце Делчев, како и останатите општествени чинители: Општина Свети Николе, ЈП. Комуналец, Еколошко друштво Изгрев, Граѓанска иницијатива на жени, Здружение на Роми, Здружение на Власи, Центар за Економски Развој и Чекор по Чекор за подобра иднина ги реализира предвидените проектни актвности од проектот „ЗАЕДНО за почиста Општина”. Овој проект се спроведуваше преку Програмата SECTOR на Регионалниот центар за Заштита на животната средина за Централна и Источна Европа. Оваа програма ја финансира Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (SIDA).

Повеќе за овој напис

на почеток=

Акција за избор на најуреден индвидуален двор во општина Свети Николе

Во изминатиот период почнувајки од крајот на Февруари 2009 година до крајот на Мај 2009 година спроведени се активностите за избор на најуреден индвидуален двор во општина Свети Николе како дел од проектот “ЗАЕДНО за почиста општина”.
I место Ацо Гонев - награда машина за косење на трева (награда обезбедена од донаторите на проектот) и викенд за двајца во општинското одморалиште во Дојран ( награда од Градоначалникот на Општина Свети Николе);
II mesto Du{ica De~kova - пластичен контејнер од 120 литри за комунален одпад (награда обезбедена од донаторите на проектот);
III место Јордан Михаиловски - комплет од црево со систем за распрскување на водата (награда обезбедена од донаторите на проектот)

Повеќе за овој напис

на почеток=

Јас сум волонтер – биди и ти

Во месец Март и Април 2009 година 150 – те волонтери од основните и средното училиште од општина Свети Николе продолжија со пружање помош двапати неделно на корисниците на волонтерски услуги со цел полесно совладување на наставните содржини кои тие ги изучуваат, а менторите континуирано ја следат нивната работа. Менторите имаа редовни средби со волонтерите со цел да се согледаат потешкотиите и препреките со кои се соочуваат при давањето на волонтерските услуги. Во период од 08 до 10 Мај 2009 година Организација на жените на општина Свети Николе заедно со Словенска филантропија од Словенија организираа меѓународна конференција во хотел Дрим – Струга на тема: ”Јас сум волонтер – биди и ти”.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Зајакнати капацитети – подобро општество

Организација на жените на општина Свети Николе од 10 март 2009 година започна со реализирање на активности од проектот “Зајакнати капацитети – подобро општество” кој финансиски е поддржан од Регионалниот центар за здрава животна средина за Централна и Југоисточна Европа. Целта на проектот е зголемување на знаењата на членовите на Организација на жените на општина Свети Николе од областа на Заштита на животна средина и здравство (сексуално и репродуктивно здравје) преку дводневни обуки и пренесување на општата популација во општина Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ЗАЕДНО за почиста општина

Во рамките на проектот ЗАЕДНО за почиста општина во Мај месец се одржа вториот еко камп и беше спроведена евалуацијата на постигнатите резултатите од спроведените проектни активности (со помош на евалуциониот прашалник). Од 11 до 14 Мај 2009 година тимот одговорен за организирање и спроведување на II Еко Камп ги изврши неопходните подготовки за нормално одвивање на кампот. Еко кампот се одржа од 15 до 17 Мај 2009 година во Извидничкиот дом ОРЕЛ во с. Орел , Свети Николе. На II Еко Камп учествуваат 40 млади (на возраст од 15 до 25 години) најголемиот број од нив беа активисти во еко патролите и тие ги споделија своите негативни и позитивни искуства од нивното патролирање.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Голема еко акција за чистење на диви депонии

По обемните подготовки , неколкуте договорни состаноци со сите општествени чинители кои активно се вклучија во акцијата и со помош од Градоначалникот на Општина Свети Николе конечно на 16 Април реализиравме една Голема Еко Акција за чистење на 6 диви депонии во која учествуваа околу 720 граѓани (беа вклучени ученици од Општинските училишта, Здруженија на граѓани, шумското стопанство, Јавното Комунално Претпријатије, заинтересирани граѓани).

Повеќе за овој напис

на почеток=

Едукативна трибина за локалните и претседателски избори

На 11.03.2009 година во просториите на ресторан “Лотос” во Свети Николе Организацијата на жените на општина Свети Николе одржа едукативна трибина на тема Избори-2009 . Цел на трибината е подигнување на свеста кај граѓаните во општина Свети Николе за потребата од активно учество во изборниот процес и важноста за искористување на своето законско право- право на глас. Оваа активност е проектна активност на Македонското Женско Лоби, а на локално ниво организирано од страна на Организацијата на жените на општина Свети Николе .

Повеќе за овој напис

на почеток=

Средба со Комисијата за родова еднаквост

Како дел од проектната активност на Организацијата на жените по проектот “Креирање на услови за поправедно општество-2” кој финансиски подржан од Шведската фондација Kvinna Till Kvinna , на 04 Март 2009 година се одржа едночасовна средба со Претседателката на комисијата за родова рамноправност. Организацијата на жените на општина Свети Николе (членки кои директно се вклучени во реализирање на проектот ,”Креирање на услови за поправедно опшество”: кординаторката на проектот г-ѓа Вера Златева , асистент кординаторка и правничка во канцеларијата за бесплатна правна помош г-ѓа Даниела Панева и психологот во канцеларијата г-ца Ивана Јорданова) остварија средба со преседателката на комисијата за родова рамноправност г-ѓа Фросина Паневска .

Повеќе за овој напис

на почеток=

Семинар “Свет без дискриминација”

На 20-21 Февруари 2009 во просториите на хотел Овче Поле , Свети Николе се одржа дводневен семинар на тема Човекови права и Дискриминација. Семинарот беше одржан во рамките на проектот “Свет без дискриминација” кој е финасиран од УНДП.  Главна цел на семинарот е промовирање и едуцирање за концептот за човекови права и поимот за дискриминација. На семинарот присуствуваа 15 професори од основните училишта и средното училиште од општина Свети Николе . Фасцилитатори на обуката беа Даниела Панева и Благица Качанска.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Локални и претседателски избори

Во месец Февруари 2009 се одржаа 6 едукативни работилници за правата од изборниот процес , важноста од излегување на избори и искористување на своето законско право на глас. Проектна активност на Организацијата на жените на Општина Свети Николе, а финансиски подржана од Шведската фондација Kvinna Till Kvinna. Целна група беа жени од 6 руралните средини на општина Свети Николе сметајки дека жените од руралните средини се понемотивирани за учество во изборниот процес и дека во доминантната позиција се мажите. Овие жени вообичаено гласат под притисок или по убедување на своите сопрузи и други машки членови од семејството, незнаејки дека нивното право на глас на тој начин е злоупотребено.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Развивање на доброволна работа меѓу деца и млади

По покана од Амбасадата на САД на 20 јануари 2009 година двајца ментори од Организација на жените на општина Свети Николе и 6 волонтери ја посетија Американската Амбасада во Р.Македонија. Преставници на Организацијата на жените на општина Свети Николе, Локалната самоуправа и наставен кадар од основните и средното училиште од Свети Николе, од 19-22 Февруари 2009 година во Ново Место – Словенија учествуваа на втората обука за ментори по проектот “Развивање на доброволна работа меѓу деца и млади на териториите на Западен Балкан и начин на подготовка на граѓанството во демократско општество” во организација на Словенска филантропија од Љубљана.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов