"
Младинска
иницијатива за еднаквост на жените"
Од 1 до 10 Август во одморалиштето
"Папаз Чаир" близу
градот Гоце Делчев во Република Бугарија се одржа 10-дневна младинска
размена насловена како "Младинска
иницијатива за еднаквост на жените".
Проектот е реализиран од страна на организацијата
"Евроалтернативи 21" од градот
Јакоруда со претседателка Фетие Шаранска и е финансиран по
програмата "Млади во акција 2007-2013".
Проектот
е насочен кон стимулирање на младинската активност во областа на
човековите права, рамноправноста помеѓу мажите и жените и борба против
половата дискриминација. Целта на оваа 10-дневна размена беше младите
да го зголемат знаењето за меѓуполовата еднаквост и поефикасно да
работат за надминување на предрасудите и стереотипите претсавени во
улога на жените меѓу локалните заедници. Во младинската размена
учествуваа 28 малдинци од четири земји: Бугарија, Македонија, Турција
и Босна и Херцеговина. Претставници од Македонија беа:
Тодор Димов, Анета Дачева, Марјан Наумов, Дарко Јованчевски, Душица
Горгиева, Љупка Антова и Моника Додева.
Во рамките на проектот беа спроведени пет тренинг
обуки и беше планирана информативна кампања во Европската недела за
полова еднаквост. Во европски контекст беа дискутирани резултатите од
две истражувања спроведени од страна на организациските партнери - за
односот на младите кон прашањето на еднаквоста поме”у мажите и жените и
улогата на медиумите за борба против дискриминација на жените. Проектот
вклучуваше многу корисни информациии, теоретски и тренинг обуки,
културна програма, креативни работилници и имаше изработка на тренинг
материјали и беа дистрибуирани информации за проектот и за програмата
"Младите во акција"
на Европската Унија.
Марјан Наумов
Организација на жените на општина Свети Николе