english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

“Различни бои една игра - со спорт против расизам и дискриминација“

Организација на жените на општина Свети Николе во партнерство со Друштво за развој на доброволна работа Јагодина-Србијa, Плави телефон Загреб-Хрватска, Друштво за развој на доброволна работа Ново Место-Словенија, Младински центар Херцег Нови-Црна Гора и Лотос Зеница-Босна и Херцеговина го реализираа проектот “Различни бои една игра - со спорт против расизам и дискриминација“, финансиски подржан од Европска Младинска Фондација при Советот на Европа. Цел на проектот е придонес во надминување на предрасудите и стереотипите на спортските терени.

 

Како една од проектните активности беше објавениот литературен и ликовен награден конкурс на тема „Различни бои една игра, со спорт против расизам и дискриминација“. На отворениот конкурс учествуваа млади од 13 до 18 години од училиштата во сите 6 градови на партнерските организации. За првите три места и од литературниот и од ликовниот конкурс имаше парични награди. Од наградените творби се изработи каталог кој потоа беше дистрибуиран во сите шест градови.

 

Друга проектна активност беше караван од волонтери на Организација на жените на општина Свети Николе кој започна на 17 Октомври во Свети Николе и продолжи низ партнерските градови се до 24 октомври кога во Зеница-Босна и Херцеговина се одржа завршна манифестација. При посетата на караванот во секој град се одигра перформанс во подготовка и изведба на 8 волонтери од Организација на жените на општина Свети Николе, се делеа флаери и каталози, се организира ликовна изложба со сите пристигнати ликовни трудови на конкурсот и се одржа литературно читање на трите наградени трудови.

Завршната манифестација се одржи во Зеница-Босна и Херцеговина каде што покрај перформансот, ликовната изложба и литературното читање, се одигра и фудбалски натпревар со мешани тимови од по двајца волонтери од сите шест партерски организации.

Јасмина Трајчева
Организација на жените на општина Свети Николе

 

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster