english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Семинар за оценување "Let’s EVALUATE with our Neighbours"

Од 06 до 10 Октомври 2009 година во Констанцин Језиорна, Полска се одржа семинарот за оценување "Let’s EVALUATE with our Neighbours" на кој учествуваше и нашиот претставник Александар Богатинов. Семинарот како единствен настан од таков вид во последните три години во Европа беше во организација на:

-SALTO за Источна Европа и Кавказ;

-SALTO за ЕуроМед земјите;

-SALTO за Југоисточна Европа ;

-Полската, Француската и Словенечката национална агенција за Програмата “Млади во акција”

Цели на семинарот беа:
-Евалуација на претходно завршени проекти во рамките на програмата “Млади во акција”;
-Размена на искуства;
-Презентација на добри практики од спроведени проекти во партнерство со соседните партнерски земји;

За време на семинарот беа развиени препораки за добри партнерски проекти со соседните земји во иднина. Препораките заедно со некои од примерите за добри практики ќе бидат објавени во публикација која во наредните години ќе биде дистрибуирана низ Европа, Русија и Медитеранските земји.

Од семинарот произлезе и базата со проекти-примери за добри практики која од 15 Октомври веќе е објавена на интернет:

http://www.salto-youth.net/NPC_good_practise_projects/

Во ова база нашата организација е претставена во 2 проекти:

http://www.salto-youth.net/NPC_good_practise_projects/100.html

http://www.salto-youth.net/NPC_good_practise_projects/119.html

tp://www.salto-youth.net/NPC_good_practise_projects/119.html

 

 

Учесници на семинарот:
На семинарот учествуваа 60 искусни младински работници (30 од програмските земји, по 10 од трите региони соседи на Европската Унија - Југоисточна Европа, Источна Европа и Кавкаски регион и Медитеранските земји) со искуство во проекти со земји соседи на Европска Унија во рамките на Акциоја 2 и Акција 3.1. На семинарот освен младинските работници учествуваа и раководни лица од 8 Национални агенции (меѓу кои и од Македонската) и од три SALTO регионални центри.

Александар БОГАТИНОВ
Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster АлексанДАР Богатинов