Трибина по повод кампањата “НАДМУДРИ ГО РАКОТ БИДИ
ЗДРАВА ЖЕНА”
На ден 10 декември 2009 година со почеток во 17.30
часот во големата сала на општина Свети Николе во рамките на кампањата
“НАДМУДРИ ГО РАКОТ БИДИ ЗДРАВА ЖЕНА” подржана од Министерството
за здравство на РМ и Македонското женско лоби од Скопје во соработка со
Организацијата на жените на општина Свети Николе се одржа трибина.
На трибината присуствуваа 87 жени од општина Свети
Николе а истата беше водена одстрана на Примариус доктор Митко Ристов
хирург од Штип . Трибината беше медиумски покриена од страна на
локалните медиуми ТВ Свет и Радио Свети Николе. Покрај подготвената
презентација беа проследени и два кратки филмови од кои едниот за
самопреглед на дојките кај жените а другиот за нов начин на
постоперативно лекување односно зрачење кое се врши веднаш по
завршувањето на оперативниот захват додека се уште пациентката е под
анестезија. Присутните беа восхитени од предавањето и новиот начин на
зрачење кој го презентираше Примариус доктор Митко Ристов .
Организација на жените на општина Свети Николе