македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Работилница во Струмица на тема Превенција од Трговија со луѓе

Во рамките на проектот “Креирање на услови за поправедно општество 2” на 12.12.2009 година во Струмица беше одржана тематска работилница на тема Превенција од Трговија со луѓе. На работилницата присуствуваа 13 учеснички од различен социо-економски статус и националност и верска определба. На почетокот младите беа запознаени со проблемот трговија со луѓе, беа разграничени разликите што е проституција а што е трговија со луѓе и се разговараше за состојбата во Македонија општо како и во самиот град.

 

Учесниците беа поделени во три групи. Првата група имаше за задача да ги напише причините за појава на трговија со луѓе, втората група да напише за начините на вовлекување во трговија со луѓе, а третата да напише за последиците и можностите за извлекување од мрежата на трговија со луѓе. Потоа сите групи ги презентираа своите презентации и во текот на работилницата активно учествуваа сите присутни. На крајот на работилницата се зборуваше што треба да направат и како да се заштитат при заминување во странство а да не западнат во мрежата на овој организиран криминал. На учесниците им беше поделен пропаганден материјал, тефтерчиња, пенкала и папки.

Фросина Мишева

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster