“Јакнење на доброволната работа
помегу децата и младите од општина Свети Николе”
Организација на жените на општина Свети Николе од
4 август 2009 година започна да реализира активности од проектот
“Јакнење на доброволната работа помегу децата и младите од општина Свети
Николе” финансиски подржан од Американската амбасада во
Р.Македонија.
Целта на проектот е јакнење на волонтерската
работа помеѓу учениците од трите основни и средните училишта во општина
Свети Николе .
Преку оваа програма новите волонтери не само што се
запознаа со волонтерството, тие благодарение на доброволната работа на
волонтерите кои во минатата учебна година пружаа волонтерски услуги на
децата на кои им беше најпотребна помош, добија сознанија и за
можностите кои ги нуди волонтерската работа во однос на развивањето на
социјални вештини , меѓусебното запознавање и за можностите да дадат
свој допринос во создавањето на подобра средина за живеење.
Во периодот Септември – Декември 2009 година во
рамките на проектот реализирани се следните активност:
Oд страна на работниот тим беа посетени директорите
на основните и средното училиште и беа информирани за продолжувањето на
проектните активности од претходниот проект.
Во училиштата на огласните табли беше поставено
соопштение за пријавување на волонтери, а исто така договоривме со помош
на класните раководители и предметните наставници да се изберат
волонтери и деца на кои им е најпотребна помош при совладувањето на
наставните содржини.
На 19 септември 2009 година координаторката и еден
ментор беа на конференција во Словенија. На таа конференција беа
присутни по двајца претставници од организациите од Македонија, Србија,
Косово, Албанија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.
Претставниците имаа можност да разменат искуства за се она што имаат
работено на полето на волонтерската работа во своите општини и кави
резултати се постигнати. Исто така стана збор и за идните активности што
треба да се реализираат во идниот период.
Во месец октомври 2009 година беа одбрани 129
волонтери о тоа во средното општинско училиште “Кочо Рацин” има 47
волонтери, во основното училиште” Гоце Делчев” 30 волонтери, во
основното училиште” Кирил и Методиј” 36 волонтери, а во основното
училиште” Даме Груев” од село Ерџелија 16 волонтери.
Исто така на во октомври 2009 година се организира и
средби со родителите на децата- волонтери и обуки за волонтерите.
На средбите родителите беа информирани за
активностите и целта на волонтерската работа, а додека волонтерите беа
запознаени со улогата и значењето на волонтерството, нивните обрски и
одговорности.
Родителите потпишаа согласност за волонтерска
активност на нивните деца.
До 30 октомври секој волонтер доби свој корисник на
волонтерски услуги и добија тетратки и пенкала за евидентирање на
средбите и активности.
Во месец ноември 2009 година волонтерите почнаа да
дават услуги на деца кои имаат проблеми со совладување на наставната
содржина. Децата корисници се со македонско и ромско потекло и мегу нив
се деца со хендикеп. Волонтерската работа се одвива во рамките на
училиштата , во домовите на корисниците и на волонтерите и во
Младинскиот центар кој функционира во рамките на Организација на жените
на општина Свети Николе. Секој ментор ја следи работата на волонтерите и
еднаш неделно одржува средби со нив, а кога има потреба и почесто со цел
да се разрешат некои проблеми и потешкотии со кои се соочуваат тие.
Организација на жените на општина Свети Николе се
вклучи во одбележување на Светскиот ден на волонтерската работа 5
декември . За овој настан беше подготвен и испечатен флаер во 1000
примероци и се испечатија 150 маици со слоганот 100 % волонтер .
На 5 декември 2009 година во салата на собрание на
општина Свети Николе претседателката на Организација на жените на
општина Свети Николе ги поздрави присутните волонтери и ја истакна
важноста на волонтерската работа можностите и придобивките кои таа ги
нуди.
Присутните волонтери ги поздрави и Секретарот на
општина Свети Николе – Г-дин Зоран Стојчев и им посака успешна и плодна
работа во текот на целата учебна година. На сите волонтери им беа
поделени маици и флаери кои подоцна ги поделија мегу граѓаните на
општина Свети николе со цел пошироката јавност да се запознае со тоа што
работат волонтерите во текот на учебната година , на кого пружаат услуги
и кои се придобивките од тоа. Настанот беше медиумски покриен од
локалните медиуми (телевизија ТВ Свет).
Фросина Мишева
Организација на
жените на општина Свети Николе