македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Работилници за млади девојки лидерки

Во периодот Февруари - Јуни 2009 година во рамкита на проектот “Креирање на услови за поправедно општество 2” финансисран од Шведската фондација Kvinna till Kvinna се реализаираа 10 работилници. Целта на работилниците беше зајакнување на капацитетите на младите девојки и жени со цел поуспешно вклучување во општествениот и јавниот живот во заедницата. Целна група беа млади девојки и жени на возраст од 18 - 30 години. Во текот на овој период се реализираа работилници со следниве теми:

  • Родови односи и стереотипи - 28.02.2009 година - запознавање со основниот концепт на родовите односи и родовите стереотипи;

  • Родова/полова поделба на трудот и Пристап - 14.03.2009 година - препознавање на родовата поделба на работата и учеството на мажите и жените и ограничениот пристап на жените до ресурсите и придобивките;

  • Контрола и моќ и Стратешки и практични родови потреби - 15.03.2009 - во првиот дел се дискутираше за контролата која ја имаат жените врз ресурсите, но и за моќта да влијаат при донесување на некои решенија. Во вториот дел се дефинираа кои потреби на жените и мажите се стратешки, а кои се практични родови потреби.

  • Женски човекови права и инструменти за заштита на правата на жените - 28.03.2009 година - присутните се запознаа со најчестите прекршување на женските права, но и со можностите за заштита во случај на дискриминација или повреда на некое право.

  • Лидерство и лидерски стилови - 25.04.2009 година- препознавање на лидерството кај младите девојки и запознавање со различните лидерски стилови;

  • Мотивација и самомотивација - 26.04.2009 година- потикнување на мотивацијата и самомотивацијата кај присутните со цел поуспешно зајакнување на лидерските капацитети;

  • Комуникација и видови на комуникација - 09.05.2009 година- зајакнување на комуникациските вештини кај учесничките и можностите за поуспешно комуницирање со останатите;

  • Говор и Дебата - 10.05.2009 година- обука на присутните за поуспешен јавен настап и држење на говор пред поширока публика, но и за успешно дебатирање;

  • Лобирање, поим и цел на лобирањето - 16.05.2009 година - запознавање с опоимот лобирање и застапување и причините и целите поради кои се лобира;

  • Начини за лобирање и изработка на планови за лобирање - 17.05.2009 година- идентификување на успешните начини за лобирање и подготовка на план за лобирање и следење на лобирањето.

  • Присутните учеснички покажаа голем интерес за темите кои се обработија и сметаат дека стекнатото знаење и искуство ќе може да го искористат во понатамошната работа. Исто беше потенцирана и потребата од продолжување на вакви обуки со обработка на други теми.

     
         
     
         
     

    Радмила Сандева Крстова
    Организација на жените на општина Свети Николе

     
     

    прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
    © 2003-2009 Организација на жените - Свети Николе.
    Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов