Тематски работилници за зајакнување на
капацитетите на женските НВО
Во рамките на проектот “Креирање на услови за
поправедно општество 2” финансиран од Шведската фондација Kvinna till
Kvinna, а со цел зајакнување на капацитетите на женските НВО -
членки на неформалната мрежа во текот на 2009 година се планирани да се
реализираат 10 тематски работилници во 10 градови во Македонија.
Во периодот април - јули 2009
година се реализираа 4 тематски работилници во Штип, Пробиштип,
Кочани и Македонска Каменица.
Работилницата во Штип се одржа на 25.04 .2009
година, на тема “Жените и политиката”.и присуствуваа 20 учеснички од кои
поголем дел беа членки на политички партии. На работилницата се
дискутрираше за положбата на жените во политичките партии и за нивниот
ангажман и придонес во работата на политичката партија. Се забележа дека
политичките партии имаат големо влијание врз одлуките кои се носат, но и
дека бројот на жени се уште не е голем за да се влијае при носењето и
креирањето на политиката во партијата. Се истакна потребата за поголема
и почеста обука на жените во политичките партии со цел зајакнување на
капацитетите на жените политичарки.
На 16.05.2009 се одржа работилницата во Пробиштип
на тема “Жените и политиката” и присуствуваа 18 жени. Жените се запознаа
со потребните капацитете на една политичарка и со потребата од поактивно
и помасовно учество на жените во политиката. Се забележа дека во
Пробиштип има неколку успешни жени политичарки, но сепак постои голема
недоверба и страв кај жените за влез во политичкиот живот. Се потенцира
дека се уште доминира стереотипот дека политиката е за мажите и дека
жените треба пред се да се грижат за домот и семејството.
На 23.06.2009 се одржа третата работилница во
Кочани на тема “Родови односи и стереотипи и полова /родов аподелба
на трудот “ и на работилницата присуствуваа 20 жени од градот и од некои
села во општината.. Се дефинираа основните поими за родот и полот и се
истакна доминацијата на родовите стереотипи во средината. Беше истакнато
дека сеуште постои родовата поделба на рабтотоа, но и дека се
забележуваат позитивни промени посебно кај помладите генереации.
На 25 .06 2009 се одржа работилницата во
Македонска Каменица на тема “Родови односи и стереотипи и полова
/родова поделба на трудот” и учествуваа 20 жени . Се забележа дека
родовите стереотипи имаат големо влијание врз секојдневниот живот во
општината, посебно истакнувајќи дека во помалите општини тешко можат да
се променат. Повозрасните учеснички го презентираа своето искуство во
врска со родовите стереотипи и кај нив можеше да се забележи мало
придвижување на ставовите и надминување на стереотипите. Помладите
учеснички искажаа дека понекогаш е многу тешко да се бориш со тие родови
стереотипи , бидејќи средината силно го осудува секое нетипично родово
однесување.
Работилниците траеа по 3 часа.
Радмила Сандева Крстова
Организација на жените на општина Свети Николе