Голема еко акција за чистење на диви
депонии
По обемните подготовки , неколкуте договорни
состаноци со сите општествени чинители кои активно се вклучија во
акцијата и со помош од Градоначалникот на Општина Свети Николе конечно
на 16 Април реализиравме една Голема Еко Акција за чистење на 6 диви
депонии во која учествуваа околу 720 граѓани (беа вклучени ученици од
Општинските училишта, Здруженија на граѓани, шумското стопанство,
Јавното Комунално Претпријатије, заинтересирани граѓани).
Акцијата беше успешна и на неа се собраа околу
1400 вреќи со најразличен смет. Со акцијата ги чистевме дивите
депонии на следните локации: Ѓуриште, Бареш, Крушки, Колишев Парк,
депонии во близина на Пионерското одмаралиште и манастирот Света
Богородица и депонии на дотогаш запуштениот градски стадион.
Александар Богатинов
Организација на жените на општина Свети Николе