македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Едукативна трибина за локалните и претседателски избори

На 11.03.2009 година во просториите на ресторан “Лотос” во Свети Николе Организацијата на жените на општина Свети Николе одржа едукативна трибина на тема Избори-2009 .
Цел на трибината е подигнување на свеста кај граѓаните во општина Свети Николе за потребата од активно учество во изборниот процес и важноста за искористување на своето законско право- право на глас. Оваа активност е проектна активност на Македонското Женско Лоби, а на локално ниво организирано од страна на Организацијата на жените на општина Свети Николе .
На трибината учество зедоа 36 учесници од различен пол, социјална, економска и етничка припадност од Свети Николе и околните села од општината.
Трибината ја отвори претседателката на Организацијата на жените на општина Свети Николе г-ѓа Вера Златева поздравувајки ги учесниците и претставувајки ја темата на трибината .

 

Трибината беше водена од страна на две едукаторки- правнички Даниела Панева и Сашка Стаменковска , членки на Организацијата на жените на општина Свети Николе , а исто така свој придонес дадоа и претставници од Националниот Институт за Демократија кои промовираа кодекс за фер и демократски избори. Предавањата се базираа на потенцирање на важноста за искористување на основните со Устав загарантирани права ,право на глас, избегнување на семејното и групно гласање и важноста изборниот процес да се одвива на демократски начин. Исто така цел на трибината беше и промовирање на промените од Изборниот Законик на Р. Македонија , мотивација за излегување на гласање и примена на своето демократско право на глас практикувајки фер и демократски избори. На трибината се зборуваше и за извештаите на OSCE (ODIHR) од последните спроведени избори во Р. Македонија со нагласување дека сеуште постојат недостатоци во спроведување на изборите, исто така се зборуваше и за потребата од постигнување на политичка зрелост на нашата држава и одбегнување на надворешното влијание врз гласачите за време на изборната кампања. Учесниците на трибината покажаа голем интерес за темата , поставувајки многу прашања во врска со претстојните избори на кои добија и соодветни одговор од страна на едукаторите.
На крај од трибината учесниците имаа можност да се потпишат на листата за подршка на кампањата на Европското женско лоби 50/50 учество на родовата еднаквост во Европскиот Парламент.

Даниела Панева
Организација на жените на Општина Свети Николе

 

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2009 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов