македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Обука на млади лидерки

Имајки ја во предвид општата состојба со младата популација особено местото и улогата на младата женска популација во општеството, Организацијата на жените на општина Свети Николе ја реализираше обуката на млади лидерки од младински организации и организации кои работат со млади од Република Македонија. Целта на оваа обука беше зајакнување на капацитетите на младите учеснички и капацитетите на нивните матични НВО за подобрување на положбата на младите и активно вклучување на млада женска популација во општествените текови на живеење преку промовирање на родова еднаквост.

 

Обуката се одржа од 11 до 13 Септември 2009 година во хотел “Овче Поле” во Свети Николе, а финансиски беше подржана од Агенција за млади и спорт на Република Македонија.

Обуката опфати 20 младинки на возраст од 18 до 25 години од младински НВО и организации кои работат со млади од Република Македонија без разлика на националната и верската припадност.

 

Младинките имаа можност да се запознаат со следните теми:

-комуникациски вештини;

-родови полови предрасуди и стереотипи;

-тимска работа и лидерство;

-лидерство;

-активно младинско учество - младински активизам и младински иницијативи;

 

 

Како и размена на идеи и искуства за иницирање на потенцијални идни соработки помеѓу организациите учеснички на обуката

Едукатори на обуката беа Александар Богатинов и Слаѓана Димова.

Учесничките на обуката ја оценија обуката како многу корисна и изразија желба во блиска иднина да се здобијат со обуки на следните теми:

-Мрежно поврзување на младински НВО;

-Дискриминација на малцинствата;

-Семејното насилство;

-Жените и политиката и младите и политиката;

-Младите и невработеноста-можни начини за вработување;

 

 

Организаторот на обуката смета дека се зајакнети капацитети кај 20 учеснички за лидерство, родовата и полова рамноправност, јавниот настап, покренување на младински иницијативи.

Александар Богатинов
Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster