Зајакнати капацитети - подобро
општество
Организација на жените на општина Свети Николе во
рамките на проектот “Зајакнати капацитети - подобро општество”
финансиски поддржан од Регионалниот центар за здрава животна средина за
Централна и Југоисточна Европа во период од Мај - Јули 2009
година реализираше 3 обуки.
На 30 и 31 Мај 2009 година се
реализираше обуката за Урбано планирање и искористување на земјиштето.
На оваа обука присуствува 25 членки/ови на Организацијата кои се здобија
со знаења за поимот шуми и видови, состојби со шумите и животната
средина во Општина Свети Николе и Република Македонија, како и
пошироко,шумите и влијанието врз животната средина , посебните видови на
емисии и процеси од шумските активности и како тие влијаат врз здравјето
на луѓето,која правна рамка ја регулира оваа област. Присутните беа
запознати и со општите состојби со животната средина и негативните
влијанија од човековите активности, се стекнаа со практични информации и
совети како да постапуват со шумите - примарните и секундарните шумски
производи.
За време на дводневната обука покрај усно пренесените
информации, беа прикажани филмски проекции на тема полезаштитни појаси и
учесниците добија печатени материјали и сертификати.
На 27 и 28 Јуни 2009 година се
реализираше обуката за Сексуално здравје.
На неа присуствуваа 25 членки/ови на Организацијата
кои се здобија со знаења за сексуално и репродуктивно здравје,сексуално
насилство, полово преносливи болести и возраст за започнување на
сексуален живот.
На 11 и 12 Јули 2009 година се
реализираше обуката за Репродуктивно здравје. Членките/ови на
Организацијата се здобија со знаења за бременост,породување, абортус,
доење и лактација,здрава исхрана и совети за правилна исхрана, хормонски
пореметувања и менструални болки.
Обуките за сексуално и репродуктивно здравје беа
спроведени од страна на докторка, членовите добија печатен материјал и
сертификат за учество на истите.
Членки/ови на Организација на жените на општина Свети
Николе стекнатите знаења од овие обуки во иднина ќе ги пренесат на
општата популација во Свети Николе и пошироко.
Фросина Мишева
Организација на жените на општина Свети Николе