english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Акција за избор на најуреден индвидуален двор во Општина Свети Николе

Во изминатиот период почнувајки од крајот на Февруари 2009 година до крајот на Мај 2009 година спроведени се активностите за избор на најуреден индвидуален двор во општина Свети Николе како дел од проектот “ЗАЕДНО за почиста општина”.

 

На 18 Февруари 2009 година објавен е огласот (на ТВ Свет и радио Свети Николе) за пријавување на заинтересираните граѓани за изборот за најуреден индивидуален двор на град Свети Николе. Пред објавување на огласот претходеше изготвување на критериумите според кој ќе се врши тој избор. По изготвувањето на критериумите следуваше медиумскиот повик за сите заинтересирани граѓани за учество на гореспоменатиот избор. Во меѓувреме поради реакции на некои граѓани поради предизборниот период по краток период на известување прекинавме со медиумскиот повик за избор на најуреден индивидуален двор и со истиот продолживме на 06 Април по завршувањето на локалните и претседателските избори.

 

На повикот се пријавија 12 граѓани на општина Свети Николе со кои одржавме договорен состанок на кој дополнително им ги појаснивме критериумите за избор на најуреден индивидуален двор во општина Свети Николе.

Изборот се одржа на крајот на Мај 2009 година, најпрвин беше извршена обиколка на пријавените дворни места и комисијата (составена од по еден претставник од сите пријавени кандидати) на фер и транспарентен начин ги избра тритте најуредени индивидуални дворови.

 

 

 

Комисијата по сумирањето на резултатите го утврди следните најуредени дворови:

  • I место Ацо Гонев - награда машина за косење на трева (награда обезбедена од донаторите на проектот) и викенд за двајца во општинското одморалиште во Дојран ( награда од Градоначалникот на ОпШтина Свети Николе);

  • II mesto Du{ica De~kova - пластичен контејнер од 120 литри за комунален одпад (награда обезбедена од донаторите на проектот);

  • III место Јордан Михаиловски - комплет од црево со систем за распрскување на водата (награда обезбедена од донаторите на проектот);

  •    

    Комисијата по сумирањето на резултатите предложи до организаторот на изборот во блиска иднина да се продолжи со вакви активности и да се врши континуирано следење на дворните места во текот на целата година, со цел да се мотивираат граѓаните за уредување на сопствените дворни површини. Комисијата едногласно предложи на најмладиот учесник во изборот (кој има само 17 години) кој сам го уредува својот двор да му се додели специјална награда. Изборот за најуреден двор помина во пријателска и релаксирана атмосфера , самото дружење помеѓу пријавените кандидати даде конкретна иницијатива да се формира еден вид клуб на љубители на хортикултурното уредување на дворните површини во кој би ги разменувале нивните искуства за уредување на дворните површини.

     

    По завршување на делот со избор на најуредените дворови Градоначалникот на Општина Свети Николе Роберт Ѓоргиев им ги додели дипломите и наградите на првонаградените , а сите останати учесници на изборот за најуреден индивидуален двор добија благодарници за учество.

     

     

     

    На иницијатива на нашиот Градоначалник акцијата за избор на најуреден индивидуален двор ќе продолжи по летните одмори и ќе биде проширена со избор на најуреден колективен, школски и индустриски двор.

     

     

     

    Александар Богатинов
    Организација на жените на општина Свети Николе

     
     

    прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
    © 2003-2009 Организација на жените - Свети Николе.
    Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов