english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Меѓународната младинската размена “LET’S BE ACTIVE IN EUROPE”

Од 13 до 21 Јули 2009 година како претставници на Организација на жените на Општина Свети Николе група од 7 млади учествуваа на меѓународната младинската размена “LET’S BE ACTIVE IN EUROPE” која се одржа во близина на Кладово, Србија во организација на Центарот за ненасилен отпор од Белград, Србија и со финансиска подршка од Европската Комисија-Генерален Директоријат за Едукација и Култура Програма “Млади”. Групата млади кои ја претставуваа Организацијата на жените на општина Свети Николе и Република Македонија ја сочинуваа: Ивица Наумов, Душица Горгиева, Благој Митевски, Мерсиха Дурмишева, Ангелче Мишев, Гордана Горгиева , а водач на групата беше Александар Богатинов. На оваа младинска размена учествуваа млади од Македонија, Италија, Србија, Франција и Полска.

Главна тема на младинската размена беше Европа видена преку меѓукултурниот дијалог, Активното учество на младите и заедничките вредности на сите Европјани. Исто така тема на размената беше и спортот и како да се искористи спортот како алатка за креирање на дијалог и поголемо активно вклучување на младите луѓе.

Во претпладневните сесии младите зедоа активно учество на следните работилници: Европски вредности и идентитет, Меѓукултурен дијалог, Европско граѓанство и Активно младинско учество.

 
     
 
     
 

Во попладневните работилници младите спортуваа (по нивна желба) во еден од следните спортови: кошарка, одбојка, пливање, спортско качување на карпи, пинг-понг.

 
     
 
     
 

Вечерните часови беа резервирани за претставување на државите учеснички на младинската размена. Македонската група ги надмина очекувањата на сите присутни и се претстави во несекојдневно ОДЛИЧНО светло. Македонија ја претставивме најдобро што можевме и верувајте ми таа вечер прекрасно беше чуството да се биде МАКЕДОНЕЦ !!! Националните вечери помогнаа многу да се научи повеќе за другите и да се надминат многу предрасуди и стереотипи.

 
     
 

Исто така на младите им се пружи уникатна можност да посетат многу археолошки локалитети во околината на Кладово, ги  посетија и  градовите Кладово и Белград,  имаа можност да ја посетат најголемата хидроцентрала во поранешна Југославија - Ѓердап,  како и да крстарат со брод по Дунав и Сава .

 
     
 
     
 

Оваа осумдневна младинска размена преку разни методи на неформалното образование им понуди можности на младите од разни земји и од разни културни средини полесно да ги идентификуваат заедничките вредности и со тоа полесно да ги надминат предрасудите и стереотипите кои претходно ги имале. Работилниците беа така дизајнирани за да им помогнат на младите како да се стекнат со поголема самодоверба (како идни млади лидери) и како да бидат активни граѓани и да се вклучат поактивно во случувањата во нивните локални заедници (без разлика дали се “малцинство” или “мнозинство”), притоа да можат да ги искажат своите погледи и верувања.

Младите беа охрабрени стекнатите знаења и искуства од младинската размена да ги презентираат пред своите врсници во своите средини и да ги охрабрат и нив во блиска иднина да се вклучат во слични Европски активности во кои Организацијата на жените на Општина Свети Николе е вклучена повеке од 4 години.

Најважно од се е тоа што младите од различни културни средини и држави стекна нови пријатели кое пријателство се надевам ќе биде долго и ќе прерасне во идни соработки .


Александар Богатинов
Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2009 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster АлексанДАР Богатинов