Извештај
од семинар “Свет без дискриминација”
На 20-21 Февруари 2009 во просториите на хотел Овче
Поле , Свети Николе се одржа дводневен семинар на тема Човекови права и
Дискриминација. Семинарот беше одржан
во рамките на проектот “Свет без
дискриминација” кој е финасиран од УНДП.
Главна цел на семинарот е промовирање и едуцирање
за концептот за човекови права и поимот за дискриминација.
На семинарот присуствуваа 15
професори
од основните училишта и средното училиште од општина
Свети Николе .
Фасцилитатори на обуката беа Даниела Панева и
Благица Качанска.
Теми за
работа на семинарот беа следните:
-Запознавање
со концептот на човековите права и нивното настанување;
-Видови
на Човекови права;
-Механизам за
заштита на Човекови права во домашниот и меѓународниот правен систем;
-Основни
поими на Дискриминација;
-Дефинирање
на стереотипи и предрасуди како основи на Дискриминација;
-Почитување
на разликите и прифаќање на сличностите;
-Дефинирање
на ранливост и идентификување на ранливи групи во РМ;
Програмата за
работа беше распоредена во два дела , првиот дел од програмата се
состоеше од теоретски дел:
-воведен дел за основите на Човековите права, дефинирање и толкување на
поимот Човековите права , видови на Човекови права;
-преставување
на механизмот на заштита на човековите права во случај на
повреда , во домашниот и меѓународниот правен систем (наведување на
инструментите за заштита за човекови права , тела на заштита - комитети
и нивната улога);
-воведен
дел за основните поими на Дискриминација,стереотипи и предрасуди ,
идентификување на ранливи групи во РМ;
Вториот дел од програмата се состоеше од практичен
дел: вежби во групи (анализа на случаи)
и играње улоги .
На крај од работилницата се сумираа заклучоците од
учесниците-професори за фактот каква демократија постои во државата ,
дали има владеење на правото во нашата средина ,дали има прекршувања
на човековите права и изнаоѓање на начини за заштита на истите .
Воедно професорите потполнија и евалуациони листови
за потребата од организирање на вакви семинари со тема од промоција за
човекови права како и оцена за работатат на едукаторите.
Даниела Панева
Организација на жените на Општина Свети Николе
|