македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Меѓународен ден за борба против корупцијата - 9 Декември

По повод 9 Декември - меѓународниот ден за борба против корупцијата.

Организација на жените на општина Свети Николе како член на коалицијата О-Корупција , во Свети Николе дистрибуираше црвени картони - пропаганден материјал на Коалицијата.

 

Црвените картони беа дистрибуирани во Локалната Самоуправа на општина Свети Николе каде беа залепени 3 постери еден на влезот на општината , еден во инфоцентарот и еден во канцеларијата за месни заедници. Инаку дистрибуција на пропаганден материјал и поделена информација со граѓаните на Свети Николе беше направена и во основното Училиште Гоце Делчев и залепена плакатата на влезот од училиштето, на случајните минувачи во центарот на градот и плоштадот, во бутици, цвеќари, ИК Банка, книжари, НВО и други случајни минувачи низ центарот на градот.

Информација за настанот - меѓународен ден за борба против корупцијата 9 Декември беше пренесена и на локалната ТВ Свет .

Даниела Панева
Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster