english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

11-тата Европска ФАРЕ фудбалска недела

Организација на жените на општина Свети Николе од 14 до 16 Октомври 2011 организираше меѓународен турнир во мал фудбал, со што се вклучи во одбележувањето на 11-тата Европска ФАРЕ фудбалска недела. На турнирот учествуваа екипи од три основни училишта од општина Свети Николе и тоа од ООУ "Гоце Делчев" и "Кирил и Методиј" од Свети Николе и "Даме Груев" од Ерџелија, како и ученици од ОУ "Бата Булич" од Петровец на Млави од Република Србија. Тимовите беа составени од играчи од различен пол, различна етничка припадност на возраст од 13 до 15 години од Македонија и Србија. Турнирот се одржа во спортската сала Цар Самоил во Свети Николе и беше посетен од околу 200 посетители. Секој посетител пред почетокот на турнирот доби македонско знаменце и знаменце со логото на ФАРЕ.

 
     
 

Учесниците и публиката беа поздравени од страна на проектниот координатор Рахела С. Манева која на присутните од Брисел ја пренесе пораката “Ние сме фудбалски луге”. Турнирот беше свечено отворен од страна на претседателката на Организацијата на жените на општина Свети Николе, г-ѓа Вера Златева.  На најдобрите учесници им беа доделени дипломи за најдобар играч, најдобриот тим, најдобар стрелец, најдобар машки и женски голгетер и фер-плеј тим и играч. Победник на турнирот оваа година беше гостинската екипа од Република Србија.

 

По покана на Македонскиот центар за култура и развој Гордана Ѓоргиева членка на организацијата зеде учество на прес-конференција која се одржа на 20 Октомври во Скопје, каде ги претстави ФАРЕ проектните активности на Организацијата на жените на Општина Свети Николе за 2011 година.
Со проектните активности како што се играње фудбал , ширење на пријателството меѓу младите во нашата општина и пошироко, Организацијата на жените на општина Свети Николе се вклучи во 11-тата ФАРЕ неделата со спорт против сите форми на дискриминација по пол и етничката дискриминација во фудбалот и пошироко.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster