|
“ Заедно кон поквалитетен живот”
Организацијата на жените на општина Свети Николе од
01. 07 до 31.12.2011 година го реализира проектот ”Заедно
кон поквалитетен живот”
финансиски поддржан од
Квина Тилл Квина
од
Шведска.
Цел на проектот е зајакнување на самодовербата за полесно надминување на
последиците од болеста кај жените лекувани од малигни заболувања преку
давање на соодветна стручна и психосоцијална поддршка. Целна група се
жени заболени и лекувани од малигни заболувања на репродуктивните
органи, како и членовите на нивните семејства. Во периодот на
имплементација на проектните активности реализирани се 6 работилници за
жените лекувани од малигни
заболувања, 6
индивидуални средби со
новозаболени жени, како и 6 средби и индивидуална работа со членови на
нивните семејства.
Во рамките на активноста
одбележување на месецот Октомври – месец за борба
против рак
на дојка, волонтерки на
организацијата
на жените
на граѓаните на Свети
Николе им поделија розови машнички и флаери. Целта
на оваа активност беше да се поттикнат жените да прават редовни
мамогравски прегледи како и споделување на информацијата дека во
Здравствениот дом др.Ѓорѓи Гаврилски во Свети Николе од месец Април 2011
година
е во функција новиот
Мамографски апарат и се прават мамографски
прегледи.
Во месец Декември остварена е заедничка средба на
жени заболени од малигни заболувања членки на здружението
“Борка – за секој нов ден”
од
Скопје, Велес и Струмица со жените членки на организацијата. Во рамките
на оваа средба реализирани се две работилници на тема - Стрес и
релаксација – водени од страна на психолог и лекар.
Како дополнителни активности во рамките на проектот
за лекуваните жени од рак на дојка ке бидат набавени ортопедски помагала
(специјални градници, протези, перики, специјални марами и перничиња
и др.).
Исто така ке се испечатат 250
примероци од Водич за лекување рак
на дојка и 250 примероци од Психолошки прирачник.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|
|