english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

“Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка”

Оранизација на жените на општина Свети Николе во партнерство со НВО “Deside” од Скопје, а во соработка со НВО “Ауреола” – Струга, “Здружение на албанската жена” – Кичево и “Беса 2003” - Куманово, во период од 04 Ноември до 15 Декември 2011 година, реализираше проектни активности кои беа финансиски поддржани од страна на УН агенцијата УНДП - Скопје. Овој проект е во рамки на проектот “Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка” спроведен од страна на агенциите на Обединетите нации, а поддржан од Владата на Шпанија преку Фондот за постигнување на Милениумските развојни цели. Активностите се состоеа од одржување на тродневни форуми и тродневни работилници во општините Струга, Кичево и Куманово.

 
     
 

Тема на Форумите беше “Планирање на локалниот развој за подобрување на меѓуетничкиот дијалог и социјална кохезија” и истите овозможуваат дефинирање на локалните приоритети околу заедничките прашања на заедницита.

Тема на работилниците беше “Креирање на Стратешки план за локален развој” а овозможуваат дефинирање на стратешки и развојни цели кои се од заеднички интерес за заедниците во општината, како и изготвување на нацрт стратешки план за локален развој.

Целта на овие активности беше унапредување на односите меѓу заедниците и помагање при воспоставување на дијалог околу прашањата од заеднички интерес меѓу заедниците во општината. Во активностите беа вклучени релевантни засегнати страни (локалната самоуправа, Комисијата за односи меѓу заедниците (КОМЗ), медиумите, граѓанското општество, бизнис лидери, претставници од Секторот за урбанизам при општината и Секторот за економски развој, представници од канцеларија на Народниот правобранител, Агенцијата за малцински права, претставниците на подрачните канцеларии на Министерство за животната средина и министерство за локалната самоуправа, Локалниот Сојуз на стопански комори), Невладините организации и др.

 
     
 
     
 

Како резултат од овие активности беа креирани Нацрт Стратегија за Локален развој на Општина Струга 2012-2016 година, Нацрт Стратегија за Локален развој за Општина Кичево 2012-2016 година, како и Нацрт Стратегија за Локален развој за општина Куманово 2012-2016 година.

Александра Коцевска
Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster