english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Жените во изградба на безбедна иднина во Република Македонија преку спроведување на резолуцијата 1325”

Организација на жените на општина Свети Николе во соработка со партнер организациите: Ауреола – Струга, Доверба – Куманово и Здружeние на албанската жена – Кичево од 12 Октомври 2011 година отпочна со реализирање на проектот Жените во изградба на безбедна иднина во Република Македонија преку спроведување на резолуцијата 1325” финансиски поддржан од UN WOMEN.
Цел на проектот:
Подигнување на свеста за поддршка и активно учество на жените во градењето на мирот, зајакнување на безбедноста, меѓуетничкиот дијалог преку имплементација на Резолуцијата 1325.
Целна група: Претставници на полицијата, подрачните единици на Министерството за одбрана и Министерството за правда, Локалната самоуправа-Секторот за социјални и правни работи, единиците за локален економски развој, финансии, буџет и развој, даноци и правни услуги. Исто така, ќе бидат претставници од комисиите кои постојат како дел од советите на единиците на локалната самоуправа, Комисијата за јавни работи, Комисијата за родова еднаквост, Комисијата за финансии и LER, Комисијата за евро-интеграции, Комисијата за прашања за верификација на избори и именувања, Комисијата за меѓуетнички односи, претставници на локалните медиуми, невладини организации и обични жени кои не се членови на НВО.

Во рамките на проектот е предвидено да се реализираат следниве активности во општините Куманово, Струга и Кичево:

Активност 1: Проценка на улогата на жените во промоција на меѓуетнички дијалог за развој на локалната политика

1.1 Креирање на анкетни прашалници

1.2 Спроведување на анкетно истражување во општините Струга, Кичево и Куманово

1.3 Анализа на резултатите од истражувањето

1.4 Печатење на резултатите од анкетното истражување вклучувајќи и препораки за институциите

Активност 2: Обуки

2.1 Анализа на наодите и развивање на програми

2.2 Организирање на обуки во општините Струга, Кичево и Куманово

2.3 Печатење на едукативен материјал за обуките и промотивен материјал (флаери)

2.4 Одржување на состанок со претставниците на министерствата за одбрана, внатрешни работи, финансии и правда со цел презентирање на резултатите од анкетното истражување и развивање на материјали како ресурс за во иднина

Активност 3: Форуми во заедницата

3.1 Анализа на наодите и дефинирање на прашањата за форумите

3.2 Одржување на форуми во општините Струга, Кичево и Куманово

3.3 Медиумско презентирање

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster