македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Канцеларијата за бесплатна правна помош

Канцеларијата за бесплатна правна помош за жените жртви на семејно насилство е отворена на почетокот на минатата година од страна на Организацијата на жените на општина Свети Николе и континуирано работи во текот на цела 2007 година како проектна активност во рамките на проектот ,,Подобрување на положбата на жените,, финансиран од Шведската фондација КВИННА ТИЛЛ КВИННА .
Во текот на изминатата 2007 година регистрирани се 74 случаи на лица кои побарале бесплатна правна помош, од кои на 23 лица им се направени писмени поднесоци (тужби, жалби, барања, молби и др.), на 5 лица тужби за развод на брак поради семејно насилство. Исто се забележани 13 анонимни јавувања на жртви на семејно насилство на кои им е даден соодветен правен совет.
За поголемо информирање на јавноста за работата на канцеларијата редовно се емитуваа соопштенија на локалната телевизија ТВ СВЕТ и локалното радио Радио-Свети Николе.
Во текот на месец Февруари беше подготвен и отпечатен информативен флаер со кој се информираа граѓаните за постоењето на канцеларијата за бесплатна правна помош. Флаерот беше дистрибуиран преку локалните дистрибутери во дневните списанија Шпиц и Утрински весник, како и во јавните институции и организации каде работат поголем број на жени. Во текот на годината беше подготвен плакат за постоењето и работата на канцеларијата за правна помош.
Интересот кај жените од Општина Свети Николе е доста голем и секојдневно се јавуваат жени жртви на семејно насилство на кои им е потребен стручен совет или подготовка на писмен поднесок . Почнувајки од Јануари 2008 година за неполн месец и пол регистрирани се 21 случаи на лица кои побарале и добиле бесплатна правна помош.

 

Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2008 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.