македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

9та ФАРЕ ФУДБАЛСКА НЕДЕЛА ВО МАКЕДОНИЈА

Во тек е најголемата анти-расистичка кампања во Европа - со фудбал против расизам во Европа - ФАРЕ. Активностите од деветата акциона недела организирани се од мрежата ФАРЕ во 37 земји во Европа.
Организација на жени на Општина Свети Николе преку својот детско младински центар Вавилон од Свети Николе по петти пат се вклучија во одбележување во оваа кампања. На 19 Октомври 2008 година на спортската сала Цар Самоил во Свети Николе, беше организиран турнир во мал фудбал со учество на екипите: Друштвото за развој на доброволната работа од Јагодина-Србија, екипи на Вавилон центарот Свети Николе и екипа на Мировниот корпус од Америка.

 
     
 
     
 
     
 

Екипите беа со мешан состав по пол и етнитет на возраст од 18-25 години. Манифестацијата беше збогатена со настапите на балетските група од основните училишта “Гоце Делчев” и “Кирил и Методиј” од Свети Николе. Уште еднаш младоста покажа дека светот е убаво место за живеење кога сме еднакви и подеднакво се радуваме на исти работи . Во овој случај фудбалот беше алката која не поврза сите во играта, навивањето, дружењето. Во рамките на одбележување на 5 години ФАРЕ во Свети Николе беше поставена изложба во Домот на културата Крсте Петков Мисирков Свети Николе на тема „Со спорт против расизам и дискриминација 2004-2008“. Првото место во турнирот го освои екипата на Вавилон центар Свети Николе.

 
     
 

Со надеж дека наредната година ќе бидеме поуспешни, побројни , до тогаш голем поздрав до сите кои помогнаа во организацјата на оваа манифестација до учесниците и до граѓаните на општина Свети Николе упатува тимот на Вавилон Центарот Свети Николе и Организација на жени на Општина Свети Николе.

Октомври 2008

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2008 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов