македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Организација на жените на општина Свети Николе е членка на Коалицијата “Македонија Нулта Корупција “ .На ден 04.09.2008 година во хотел Континентал беше одржано основачко собрание на Коалицијата каде што беше усвоена Повелба и Акционен план за работа на Коалицијата .

Структурата на коалицијата се состои од претседател и координативен одбор од 7 члена избрани од страна на членките на Коалицијата.

Коалицијата “Македонија Нулта Корупција” е формирана на иницијатива на “Транспарентност-Нулта Корупција” во рамките на проектот “Култура на законот наспроти корупцијата 2008.

Целта на оваа коалицијата е да се зајакне граѓанскиот сектор во делот на борба и превентива против корупцијата, развивање на системот на добро владеење на локално ниво, создавање на поволен амбиент за економскиот развој и квалитетни странски инвестиции, зајакнување на капацитетите на антикорупциското делување на граѓанското опшество, остварување на соработка со соодветни и слични организации во регионот како и подобрување на животот на граѓаните.

Во продажба е новото гласило на Транспарентност Нулта Корупција “Транспарентност без граници “ кое содржи информациите за тековните активности на Коалицијата “Македонија Нулта Корупција”.

Сашка Стаменковска
Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2008 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.