македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Локален Волонтерски Сервис

Организација на жените од општина Свети Николе како партнер организација на Младински културен центар – Битола од октомври 2008 година започна да работи како Локален волонтерски сервис односно Волонтерска инфо точка. Локалниот волонтерски сервис (ЛВС) е структура која работи на развој и имплементација на квалитетен систем за волонтерски менаџмент и воедно дава придонес за решавање на проблеми во локалните заедници со воспоставување на рамнотежа помеѓу потребите и понудата на човечки ресурси – волонтери. ЛВС ќе биде отворен за сите граѓани и потенцијални корисници на волонтерскиот сервис. ЛВС со своето функционирање ќе влијае на позитивниот развој на граѓанското општество и неговите вредности преку стимулирање на активно учество на младите луѓе и сите граѓани во решавањето на проблемите во локалните заедници преку активно волонтирање.

Проектните активности ќе траат шест месеци, а главна цел на проектот е овозможување на одржлив развој на волонтерството во Р. Македонија преку интегрирање на волонтерски програми во јавните институции, НВО и државните органи и придонес во спроведувањето на реформите во образованието и социјалната заштита преку имплементирање на законот за волонтерство на локално ниво.

Целна група на проектот се сите граѓани на општина Свети Николе - потенцијални волонтери со посебен акцент на млади невработени лица.

Во текот на месец октомври беа воспоставени контакти со повеќе јавни институции/организации и невладини организации (Локална самоуправа, ОУ Кирл и Методиј, ОУ Гоце Делчев, Дом на култура, Библиотека, ОО Црвен крст, Градинка Рахилка Гонева, Граѓанска асоцијација на хендикепирани и маргинализирани лица “ПОРАКА“, Народен Музеј) и на овие средби одговорните на институциите/организациите беа информирани за Законот за волонтеризам и проектните активности.

Активностите предвидени со овој проект ќе придонесат за практична имплементација на Законот за волонтерство во Македонија што беше донесен на 2 јули 2007 година. Законот овозможува нови пристапи за организирано волонтирање и ги надминува поранешните состојби на непланско и неорганизирано волонтирање. Од 03 ноември 2008 година во тек е пријавување на волонтерите и институциите кои ќе бидат дел од овој проект, а пријавувањето ќе се врши во Локалниот волонтерски сервис односно во канцеларијата на Организација на жените од општина Свети Николе.

Јасмина Трајчева
Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2008 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов