македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Сите за подобро утре

Организација на жените на општина Свети Николе во период од 1 ноември 2008 година до 31 јануари 2009 година реализира активности од проектот “Сите за подобро утре“кој финансиски е подржан од Екуменска иницијатива жена – Р.Хрватска. Целта на проектот е запознавање на традицијата, културата и обичаите на различните верски заедници и правење чекор напред во градењето на мегуверската толеранција , надминување на предрасудите и стереотипите во средини каде што живее мултиетничко население. Во рамките на проектот целодневни едукативните работилници беа одржани во Кичево на 15.11.2008 година во Битола на 16.11.2008, на 30.11.2008 во Куманово и на 06.12.2008 во Струмица.

 

На едукативни работилници присуствуваа по 20 жени на возраст над 20 години од различна националност (Македонки, Албанки, Србинки, Турчинки, Влаинки и Ромки) со различна верска определба (Православна, Католичка, Протестантска и Муслиманска). Во секоја целна група една од учесничките беше теолоѓиња или историчар на религија.

 

 

На едукативните работилници се работеше на четири теми

§ Комуникација

§ Идентитет

§ Меѓурелигиски дијалог

§ Надминување на страв од разлики

Проектот допринесе учесничките во проектните активности преку интерактивна работа и преку комуникација да разменат ставови и мислења , подобро да се запознаат и развијат дијалог. Преку дијалогот претставничките на верските заедници имаа можност да разговараат и да ги надминат предрасудите и стереотипите кои постојат кај нив.

 

Учесничките отворено поразговараа за традицијата и обичаите кај различни верски заедници , по што една верска заедница се разликува од друга , а со тоа да допринесат кон зајакнување на меѓусебната соработка и подобар соживот во средината во која живеат.

Фросина Мишева
Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2008 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов