македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Краток наративен извештај за активности од проектот
Развивање на доброволна работа меѓу деца и млади на териториите
на Западен Балкан и начи на подготовка на граѓанството во демократско општество
кои се реализираа во месец Септември 2008 година

По враќањето на менторите од обуката во Словенија која беше одржана од 21 до 24 Август 2008 година се одржа договорна средба за понатамошните активности во врска со проектот . Се договори да се напише текст за активностите од проектот кој ќе биде доставен до сите печатени и електронски медиуми во Р.Македонија.

Дописот беше објавен во Грагански свет и може да се погледне на :

http://www.graganskisvet.org.mk/?ItemID=4A65203DE93F2E4FB5972356B05D5FE2

На 15 септември 2008 година работниот тим составен од : координатор и ментори имаше состанок. На состанокот беше направена прераспределба на менторите по основните училишта :Кирил и Методиј , Гоце Делчев од Свети Николе и Даме Груев од село Ерџелија и Средно општинското училиште Кочо Рацин од Свети Николе.

Исто така беа договорени и идни активности.

На 16 и 17 септември 2008 година менторите заедно со координаторката ги посетија директорите на основните и средните училиштата и директорката на детската градинка , кои беа информирани за проектните активности. Договоривме класните раководители и предметните наставници да бидат запознаени за волонтерството за што претходно беше подготвен и доставен материјал , а потоа тие на одделенските часови да ги запознаат учениците со цел заинтересираните ученици кај нив да се пријават за да волонтираат.

 

На 22 септември 2008 година од страна на кординаторката беше изработено соопштение. Преку соопштението кое беше презентирано на локалното радио - радио Свети Николе граѓаните беа информирани за проектните активности и каде заинтересираните ученици можат да се пријават за волонтери. Исто така соопштението беше поставено и на огласните табли во училиштата.

Пријавувањето за волонтери траеше од 22 септември до 29 септември 2008 година.

Фросина Мишева
Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2008 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Ал.Бог.