македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Еко - камп  “Заедно за почиста општина”

На ден 26,27 и 28 Септември 2008 година во Извидничкиот дом  Орел во с. Орел се одржа Еко - камп  кој како дел од проектните активности на проектот  “Заедно за почиста општина” чиј носител е И.О.”Гоце Делчев” и “Организација на жени на Општина Свети Николе”, во партнерство со Локалната самоуправа и останатите чинители: Граѓанска иницијатива на жени, Здружение на роми, Здружение на власи и Еколошко друштво Изгрев.

На Еко - кампот  учествуваа 40 активисти/ претставници на НВО , образовните институции и другите општествени чинители кои се вклучени во реализацијата на овој проект на возраст  од 15 до 25 години.

 

На овој Еко - камп учесниците ги има следните активности:                               

1. Обука на учесниците од страна на тренерите од  Еколошкото друштво Изгрев,  Владимир Гилев и Катерина Зафирова на тема:

-  Настанување на отпадот;

-  Видови на отпад и неговите штетни последици по здравјето  луѓето;

- Правилно управување со цврстиот отпад .                         

2. Обука на активистите за  спроведување на Еко  патролите на лице место од страна на комуналниот инспектор;

3. Практична примена на стекнатото знаење (еко-акција за чистење на депониите по течението на Орелска река која се влева во браната Злетовица од каде што граѓаните на Свети Николе се снабдуваат со вода за пиење).

 

Се надеваме дека со помошта на овој Еко - камп ке допринесеме  во однос на поголема едукација на младите за собирањето, селектирањето и депонирањето на цврстиот отпад, кои се неговите штетни последици и какво е неговото влијание врз животната средина.

Секако дека активностите не почнаа и не завршија со еко-кампот . Пред одржувањето на овој еко камп граѓаните на Свети Николе имаа можност да присуствуваат на Еко-Трибината која се одржа на 19 Септември 2008 година во Големата сала на Општина Свети Николе со релевантните претставници од општината: комунален инспектор, инспектор за животна средина, директорот на Јавно комунално претпријатие, членовите на Советот. Цел на трибината беше преку директен контакт со граѓаните да им се пренесе постапката за правилно управување со отпадот од негово настанување, селектирање, одвезување, складирање за да се надминат лошите навики со отпадот.

 

На 21 Септември се одржа еко акција за организирано чистење на повеке диви депонии. Започнатите еко акции продолжија со еко акцијата која се одржа на 10 Октомври 2008 на која акција младите и возрасните граѓани заедно го чистеа новиот парк од многуте мали депонии кои веќе подолго време создаваат лоша слика како одраз на нашата негрижа кон животната средина која не опкружува. Пред одржување на оваа акција на 03 Октомври 2008 се одвиваше организирано поставување на контејнери кај училиштата во градот Свети Николе (основни и средни) и кај Славјанскиот Универзитет и во строгиот центар на градот.

 
     
 
     
 
     
 

По здобиената основна обука на еко кампот во Орел нашите еко-активистите добија соодветни легитимации (со печат и потпис на Градоначалникот на Општина Свети Николе ) и почнаа со редовните еко патроли. Задачата на секоја еко патрола ќе биде да ги открива и евидентира (слика со фото апарат) несовесните граѓани коишто некотролирано фрлаат отпад (градежен отпад и сл.) и со тоа формираат диви депонии, и за истото да го информираат јавниот комунален инспектор кој ќе треба да превземе соодветни законски активности за казнување на прекршителите.
На крајот од проектните активности од овој проект според прикажаните резултати ќе биде избрана најдобрата еко патрола и таа ќе биде наградена со соодветна награда од страна на Општина Свети Николе.

Александар Богатинов
Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2008 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Ал.Бог.