македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

ЗАЕДНО за почиста општина

“Организација на жените на Општина Свети Николе“  во партнерство со И.О. “Гоце Делчев”, како и останатите општествени чинители: Општина Свети Николе, ЈП. Комуналец, Еколошко друштво Изгрев, Граѓанска иницијатива на жени, Здружение на Роми и  Здружение на Власи  ја  започнаа реализацијта на проектот „Заедно за почиста Општина”.

Овој проект се спроведува преку Програмата SECTOR на Регионалниот центар за Заштита на животната средина за Централна и Источна Европа. Оваа програма ја финансира Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (SIDA).

 Цел на проектот е:

1. Испитување на јавното мислење за состојбата со отпадот;

2.Едуцирано  население за правилно управување со отпадот (настанување,селектирање, транспортирање, депонирање, компостирање);

3. Намалување на дивите депонии;

4. Поставување на контејнери и селектирање на отпадот;

5. Мотивирано  население за уредување на сопствените дворни површини;

6. Спроведување на законските регулативи (изрекување на мандатни казни);

7. Складирање и продавање на селектираниот отпад;

8. Намалување на трошоците за транспортирање и складирање на отпадот;

9. Јакнење на капацитетите на соработка на помеѓу НВО и НВО и локалната самоуправа;

10.Зголемен чист животен простор;

 

 

Активности кои ќе се превземат  се : испитување на јавното мислење за состојбата со цврстиот отпад, чистењето на дивите депонии и нивно одбележување со морални пораки, одржување на еко кампови за обука на еко патролите, организирањето на еко-трибина, дистрибуција на еко флаери, поставувањето на контејнери за селектиран отпад (пластика и хартија), се со цел за надминување на настанатата ситуација, и планирање на идни заеднички активности.

Очекувани резултати од  превземани активности се : Зајакнување на свеста кај граѓаните, зголемување на зелените површини во и околу градот, создавање на услови за складирање на селектираниот отпад со поставувањето на контејнери, намалување на трошоците за транспортирање на истиот.

Како крајни корисници од добиените резултати ќе бидат сите граѓани на општина Свети Николе.

Изработен еко флаер (може да го превземете тука)

Август 2008 година

Александар БОГАТИНОВ

Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2008 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Ал.Бог.