english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 Од младите за младите

Од 15 Декември 2012 до 15 Март 2013 година, Организација на жените на општина Свети Николе, во соработка со уште шест други невладини организации од Куманово, Радовиш, Струмица, Неготино, Битола и Ростуше го реализира проектот “Младите за младите” – финансиски поддржан од Европска младинска фондација при Советот на Европа

Проектот имаше за цел да придонесе кон зголемено учество на младите во нивните локални заедници преку охрабрување на независни (самостојни) и заеднички младински иницијативи

Во рамките на проектот беа реализирани следниве проектни активности:

  1. Анкетно истржување со цел да се утврдат потребите и проблемите на младите од 7 општини од 7 партнер организации
  2. Организирање на дводневен тренинг во Битола, за 21 волонтер од 7 партнер организации, со цел да се изнајдат начини за зголемено учество на младите во нивните локални заедници и да се изработат локални акциони планови за млади
  3. Организирање на 7 јавни презентации во 7-те партнер градови со цел да се презентираат резултатите од анкетното истржување и да се промовираат изработените драфт верзии на локалните акциони планови за млади
 

Анкетното истражување беше спроведено на 700 млади од 7 општини, односно по 100 од секоја од опфатените општини. После направената анализа на анкетите и добиените резултати се одржа семинар во Битола на кој се одредија приоритетите на младите во секоја од општините. Врз основа на приоритетите на семинарот во Битола се изработија драфт верзии на локални акциони планови на млади, а учесниците на семинарот се стекнаа со вештини и знаења за изработка на акциони планови. Драфт верзиите на акционите планови беа доработени од страна на консултант и така добиени беа испечатени во повеќе примероци и презентирани на јавните трибини кои се оддржаа во секој од опфатените градови.

 

Во акциониот план за млади на општина Свети Николе како приоритети на кои најмногу треба да се работи во идниот период се опфатени: невработеноста, девијантните појави и несоодветното функционирање на локалната самоуправа во однос на младите.

Проектните активности беа медиумски покриени на локалните медиуми во седумте општини опфатени со проектните активности.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2013 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster