македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

ОСМА ФАРЕ ФУДБАЛСКА НЕДЕЛА

Во тек е најголемата анти-расистичка кампања во Европа - со фудбал против расизам.

Активностите од Осмата акциона недела од 17 до 30 Октомври се организирани од мрежата ФАРЕ - со фудбал против расизмот во Европа (www.farenet.org) во 37 земји во Европа. Организација на жените на Општина Свети Николе (младински центар Вавилон од Свети Николе како дел од нејзината младинската програма) по четврти пат пат се вклучија во одбележување во оваа кампања.

На 21 Октомври 2007 година во училишната спортска сала во Општинското Основно Училиште "Кирил и Методиј" во Свети Николе, беше организирано финалето на турнирот во мал фудбал "Со фудбал против расизмот во Европа", во кое зедоа учество екипите на: Друштвото за развој на доброволната работа од Јагодина-Србија, младинската екипа од Пеширово, младинската екипа од Горобинци и младинската екипа на Вавилон центарот Свети Николе.

Екипите беа со мешан состав по пол и етнитет на возраст од 15 до 25 години.

По предлог на младите беше побарано турнирот да биде посветен и беше посветен на трагично прерано загината голема Балканска музичката звезда од Македонија, голем љубител на спортот и големиот хуманист - Тоше Проески .

Уште еднаш младоста покажа дека светот е убаво место за живеење кога сме еднакви и подеднакво се радуваме на исти работи . Во овој случај фудбалот беше алката која не поврза сите во играта, навивањето, дружењето, а за ова упатуваме благодарност до ФАРЕ нашиот спонзор на оваа манифестациаја.
Прво место во турнирот го освои екипата на Друштвото за развој на доброволната работа од Јагодина-Србија.

Со надеж дека наредната година ќе бидеме поуспешни, побројни , до тогаш голем поздрав до сите кои помогнаа во организацјата на оваа манифестацја до учесниците и до граѓаните на општина Свети Николе упатува тимот на Организација на жени на Општина Свети Николе (младинска програма Вавилон Центар Свети Николе).


Организација на жени на Општина Свети Николе
(младинска програма Вавилон Центар Свети Николе)

 
     
 
     
 
     
 
     
 
     
 
     
 
     
 
     
 
     
 
     
     

26. 10. 2007 година
Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2007 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов