Организација на Жените на Општина Свети Николе заедно
со уште 9 општини учествува во спроведувањето на проектот "Само
здрави граѓани градат здраво општество". Носител на проектот е ЕХО
(Едукативно-хуманитарна организација) од Штип а проектот финансиски е
подржан од The Balkan Trust for Democracy a project of the German
Marshall Fund of the United States.
Целта на проектот е изработка на регионална стратегија за брегалничко
струмичкиот регион како и зајакнување на капацитетите на невладините
организации и активно учество во креирање на јавните политики во областа
на здравствената заштита заедно со преставници од Локалните власти и
здравствени работници од општините: Свети Николе, Кочани, Струмица,
Виница, Штип, Пробиштип, Берово, Пехчево, Делчево и Радовиш.
|
|
|
Првата дводневна работилница на тема
"Мрежно работење за влијание на
здравствените политики" се одржа во месец
Септември и имаше за цел да ја развие соработката помеѓу на релевантните
институции (јавни и приватни здравствени организации), локалните власти
и невладините организации од регионот кои работат во сферата на
здравствената заштита како и да им укаже на нивните вредности. Другите
серија работилници ќе се реализираат во период Октомври-до крај на месец
Декември 2007, на теми: Можности за граѓанското учество во креирање
на политиките од областа на здравството, Истражување, истражувачки
техники и методологии на анализа и Градење на стратегии и изработка на
акциони планови. Се планира Регионалната стратегија да биде
изработена и промовирана до месец Февруари 2008 година .
Проектот опфаќа серија обуки (2 еднодневни работилници, 1 дводневна и 1
тродневна работилница) за претставници на здруженија на граѓани, на
локалната власт и здравствени работници, со крајна цел-изработка на
локални акциони планови за превентивна здравствена заштита и подготовка
и промоција на регионална стратегија за превентивна здравствена заштита.