|
Трибина “Надмудри го ракот-биди здрава
жена”
Одржана на 17.12.2007, Понеделник -
Свети Николе
По повод кампањата што ја води Министерството за
Здравство во соработка со (МЖЛ) Македонското женско лоби , Комисијата за
еднакви можности и Клубот на жени парламентарки - на тема “Надмудри
го ракот-биди здрава жена”.
Организацијата на жени на Општина Свети Николе ( како членка на МЖЛ
и НВО која од 1997 година работи со проблематиката на репродуктивното
здравје на жената) како локална активност на 17 Декември 2007 година
во Свети Николе одржа јавна трибина .
Главната цел на кампањата е : подигање на свеста на жените за одење на
превентивни гинеколошки прегледи .
Трибината ја моделираше претседателката на Организацијата на жените на
Општина Свети Николе г-ѓа Вера Златева која даде краток осврт за
текот на кампањата и активноста на нашата Организација во поглед на
имплементирање на Програмата донесена од страна на Владата на
РМакедонија.Трибината се реализираше во Собраниската сала на Општина
Свети Николе , а присутни имаше околу 200 жени .
Говорници во рамки на националната кампања за превенција од малигни
заболувања на репродуктивните органи беа:
Г-н Имер Селмани Министер за Здравство при Министерството за
Здравство на Република Македонија; Министерот за Здравство
Г-н Имер Селмани зборуваше за кампањата, заинтересираноста на граѓаните
да се одржува во повеќе градови низ Републиката како и за успешноста од
одржување на вакви трибини наведувајки го фактот од првично предвидените
50 поради големата заинтересираност се реализираа 70 работилници низ
градовите и селата во Републиката .Во оваа кампања учество зедоа околу
40НВО , 70ЛС ,Советници и градоначалници како и др. граѓани Министерот
истакна дека за следната година се предвидени повеќе пари за вакви
програми за преку цела година , не само како кампања наведувајки дека
пред Собранието на РМ се преставени 15 Програми за 2008 година и се
предвидени 10 милиони евра за истите, што значи драстично зголемување на
финансиска подршка од страна на државата. За следната година се
предвидува миниум 30000 жени да добијат бесплатни мамографски прегледи
со отворањето на 20 нови мамографски центри низ Републиката . Министерот
истакна дека во Свети Николе поради бројот на заболени од карцином и
бројот на морталитет од малигни заболувања Општина Свети николе е прва
по приоритет за набавување на мамограф со помош на Локалната Самоуправа
на Општината дополнувајки дека грижата за здравјето на жените не треба
да се остава само на една НВО , еден пратеник или една општина туку да
биде грижа и на сите граѓани на Републиката.
Други говорници на трибината беа: Г-ѓа Лилјана
Поповска Претседателка на Комисијата за еднакви права меѓу
жените и мажите , Г-ѓа Виолета Томовска , претседателка на
,,Животна Искра” , Г-ѓа Даниела Димитриевска, Извршна директорка
на Канцеларијата на Македонското женско лоби ,Г-н Слободан Даневски
градоначалник на општина Свети Николе , Г-н Стојанче
Стефановски од Завод за Заштита на мајки и деца , Професор д-р
Зоран Спировски , директор на Клиниката за
торакална хирургија , Скопје и Г-ѓа Надица Стојковска, д-р
гинеколог од Свети Николе.
Организација на жените на Општина Свети Николе
|
|